Концептот ‘Едно општество за сите’ е концепт кон кој сме посветени силно како Влада а особено како Министерство за труд и социјална политика каде што прашањето на креирање на политики од областа на еднаквоста и недискриминацијата е наша надлежност. И донесувањето на Законот за заштита и спречување на дискриминација е токму заложба на Владата и на Министерството за труд и социјална политика, дека навистина за нас уживањето на човековите права, живот без дискриминација, почитување на различностите на граѓаните, затоа што сите ние имаме карактеристики кои што се различни, но како општество не прави таа различност многу побогати, и од тој аспект и законот и останатите стратешки документи, стратегија за еднаквост и недискриминација, стратегија за родова еднаквост, се токму заложби преку кои покажуваме дека навистина посветуваме внимание на концептот на еднаквост и недискриминација и на концептот ‘Едно општество за сите’, вели министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во интервју за ЦИВИЛ.
„Секој граѓанин треба да има еднакви можности и еднаков пристап до сите ресурси во општеството без разлика на неговите индивидуални карактеристики. Она што во моментов го правиме е токму подготвката на стратегијата за еднаквост и недискриминација во која што се вклучени претставници од сите релевантни институции и од граѓанските организации се со цел да креираме политики и спроведуваме активности кои што навистина ќе даваат придонес кон спроведувањето на концептот ‘Едно општество за сите“, порача Тренчевска.
Дијана Тахири
обработка на текст: Соња Крамарска
камера и фотографија: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети