• Latest
Фото: миа.мк

Тренчевска: За да се воспостави родова еднаквост мора да се работи на елиминирање на насилството

April 5, 2023
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: За да се воспостави родова еднаквост мора да се работи на елиминирање на насилството

April 5, 2023 12:13
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Наша цел е обезбедување посилна превенција од насилство, негово санкционирање, но и работа со сторителите на насилство, со цел елиминирање на можноста да се повтори делото. Ова го изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на промоцијата на Поимникот за родово базирано насилство со посредство на технологијата, изработен во рамки на кампања, со цел едукација и подигање на свеста за насилството, но, пред се подобро препознавање на насилството. Настанот беше во организација на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА.

Се дискутираше за дигиталното родово базирано насилство, за заштитните механизми и системи за поддршка, што ги нуди државата преку институциите, но и соработка со граѓанскиот сектор и меѓународните организации.

Со развојот на технологијата, укажа Тренчевска, информациите брзо се шират.  Сведоци сме на злоупотреба на интернетот и дигиталните технологии за комуникација, за насилство врз жените, говор на омраза, сексизам, злоупотреба на фотографии и видеа и нивно фалсификување.

-Сведоци сме и кај нас преку социјалните мрежи колку често се шири говор на омраза и сексизмот кон жените и девојките. Жените и девојките се цел на навреди, а нивните слики и видеа се подложни на понижувачки сексуални дејствија без согласност. Токму затоа, наша заедничка обврска е да се бориме против ваквото кршење на човековите права на жените и девојките, нагласи министерката.

Таа потсети и на кампањата „гласна и храбра“.

– Како Министерство за труд и социјална политика, изминатиот месец март во рамки на кампањата гласна и храбра, бевме на терен во сите региони од државата, информираше министерката, нагласувајќи дека сознанијата од терен ќе бидат дел од креирањето на идните политики и мерки.

За да се воспостави родова еднаквост во едно општество, како што порача, пред се мора да се работи на елиминирање на насилството. Се осврна и на законските решенија за санкционирање. Апелираше да се пријавува насилството и посочи дека Министерството продолжува со заложбите за унапредување на човековите права, еднаквост и борба против секаков вид насилство.

Џон Кенеди Мосоти, директор на Фондот за население на ОН за Северна Македонија, посочи дека сериозно го сфаќаат онлајн насилството и имаат многу кампањи против насилство, се заблагодари за поддршката во активностите, на Министерството и Владата, на сопругата на претседателот Пендаровски.

Сопругата на претседателот на државата Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, пак, нагласи дека насилството во виртуелниот свет, иако не е физичко, подеднакво боли и остава трајни последици.

– Многу жени ширум светот доживеале некаква форма на родово – базирано насилство, извршено со злоупотреба на технологијата. Додека, девојчињата и девојките, младите жени, се особено подложни на тоа. Колку сме поинформирани за разновидните начини на кои што интернетот може да биде употребен, односно злоупотребен конкретно како алатка за насилство, толку полесно ќе биде тоа да се спречи, соодветно да се реагира и да се санкционира, подвлече таа.

Таа рече дека честопати многумина, особено младите, дури не се ни свесни за тежината на постапките на социјалните мрежи, се чувствуваат слободни и сигурни зад тастатурата да можат да загрозуваат друга личност, дискриминирајќи, навредувајќи, извршувајќи насилство, а тоа, како што истакна, мора да запре.

Ѓоргиевска им се заблагодари на сите кои отворено зборуваат за насилството што им се случило и со тоа ги охрабруваат и останатите жртви да не потиснуваат и да не живеат во страв.

– Доколку за нештата не зборуваме и не ги наречеме со вистинското име, не можеме да се бориме против нив, додаде Ѓоргиевска.

Tags: дискриминацијародова еднаквостТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ