• Latest

Тренчевска за КТВ: Работиме на палета од социјални мерки кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите

August 24, 2023

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска за КТВ: Работиме на палета од социјални мерки кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите

August 24, 2023 11:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во нејзиното гостување на КТВ Кавадарци зборуваше за задачите на Работната група која беше формирана на последната седница на Влада и за барањата на пензионерите.

Таа истакна дека во демократска држава секој што не е задоволен од политиките може да го искаже своето незадоволство и дека истото е легитимно право, воедно потсети дека за методологијата за порастот на платите во времето на донесувањето беше поздравена од страна на сите пензионери.

„Зголемувањето на пензиите нема да зависи од тоа кој е министер, затоа што методологијата за зголемување на пензиите го следи покачувањето на трошоците за живот и покачувањето на просечната плата. И во време кога нема да имаме инфлација пензијата ќе се зголемува затоа што просечната плата ќе расте“ истакна Тренчевска во нејзиното гостување.

Министерката посочи дека со оваа методологија за една година и 6 месеци покачувањето на пензиите е 24%.

Тренчевска се осврна и на формирањето на работната група за донесувањето на Законот за минимална пензија и креирањето на социјални мерки кои треба да ги помагаат пензионерите со најниски примања. Таа посочи дека минималната пензија ќе биде дефинирана така што нема да смее да биде под прагот на сиромаштијата.

„Од страна на работната група ќе биде креирана палета на социјални мерки во соработка со Фондот за здравство и Министерството за здравство за дел од лекарствата кои се најчесто користени а не се на позитивната листа да бидат ставени на истата. Ќе работиме и на тоа да го зголемиме прагот за бесплатното болничко лекување,  исто така ќе работиме и на мерки во кои ќе биде вклучена директна финансиска помош“ рече Тренчевска.

Tags: МТСПпензииТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ