• Latest

Трета доза може да примат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

October 4, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Трета доза може да примат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

October 4, 2021 14:06
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

 Трета доза вакцина против Ковид-19 освен граѓани над 60 години ќе може да добијат и кои било други граѓани без оглед на возраста, без оглед на тоа дали имаат или немаат хронични болести, а се во значаен ризик заради фреквентните контакти, типот на работа, работното место, да заболат од Ковид-19.

Ова е препораката од Комитетот за имунизација која денеска на прес-конференција ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека тоа се препораки што практично ги следат препораките од некои други европски земји и САД.

Претседателот на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова појасни дека следејќи го искуството и тоа што е во пракса во во другите евроспки земји и во САД, сметаат дека освен за граѓани над 60 години, сите здравствени работници и лица со имунокомпромитирана состојба, трета доза вакцина се препорачува да примат и граѓани кај кои постои ризик од можна појава на Ковид-19 заради нивното работно место, заради честите контакти приватно или на работните места…

Во врска со состојбата со Ковид-19 во државава министерот Филипче рече дека таа е многу стабилна во смисла на тоа дека континуирано повеќе денови има речиси идентичен број новодијагностицирани случаи – меѓу 450 и 500, но бројот на хоспитализирани пациенти се намалува насекаде низ државата.

– Во болниците ширум државата, во клиничките болници и општите болници пациентите се сместени само во инфективните одделенија, многу мал број во Кичево и во Тетово по пет до десет пациенти во Охрид, во Прилеп има 17, во Струга 15 пациенти, шест пациенти во Кавадарци, а во Скопје, Клиниката за оториноларингологија и болницата во Козле веќе се враќаат во нормална работа. Значи, таму веќе се празнат капацитетите и нема да се сместуваат повеќе пациенти. Останува во Скопје хоспитализација на Инфективната клиника и во двете приземни одделенија на старата Интерна клиника, каде се уште се одвива ротацијата на кадарот од сите клиники, тука на Клиничкиот центар. Околу 580 пациенти има вкупно хоспитализирани пациенти денеска и тоа е трендот на намалување во изминатите денови, 700, од близу 650 и еве денеска под 600 пациенти, истакна Филипче.

Во однос на вакцинацијата, посочи дека вкупно се вакцинирани 789.000 граѓани, од кои 734.000 се ревакцинирани.

– Четириесет и седум отсто од полнолетната популација примила најмалку една доза во нашата држава, а на територијата на целата држава од вкупното население 38,2 проценти. Има голема разлика од општина во општина. Најмногу вакцинирани со две дози полнолетни граѓани во Вевчани 72 проценти, над 60 проценти во Гевгелија, Демир Капија, Кавадарци и Охрид, над 55 проценти во Росоман, Ресен, Дојран, Дебарца, Богданци, Битола и Берово, и под 30 проценти таму каде е низок опфатот – Липково, Македонска Каменица и Ново Село. Таа разлика во опфатот со вакцинација во изминатиот период при почеток на последниот бран видовме како се реперкуира и на болниците и на бројот на пациенти кои се јавуваат за хоспитализација, рече Филипче.

Нагласи дека вакцини има сосема доволно, околу 260 илјади дози „Фајзер“, 45 илјади дози „Синовак“, 100 илјади дози „Астра Зенека“.

– Од петокот повеќе не функционира пунктот во салата „Борис Трајковски“. Сега седум поликлиники во рамки на Здравствениот дом Скопје функционираат и тука во две смени се одвива вакцинацијата. Тоа сосем доволно капацитет. Тука може да се јават граѓаните за која било доза на вакцина. Анализата на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и смртни случаи уште еднаш ја потврдуваат ефикасноста на вакцината. Околу 77 проценти од новите случаи и 79 од хоспитализираните се невакцинирани. Дури 85 проценти во онаа последна анализа за месец септември биле исто така невакцинирани, додаде Филипче.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ