По повод триесетгодишнината од германско-македонската соработка, вчера, во организација на Германската банка за развој (КфВ) и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), со поддршка од Амбасадата на Сојузна Република Германија беше организиран целодневен настан за новинари и медиумски работници на кој беа презентирани дел од успешните реализирани проекти.
Во рамки на настанот беа посетени две локации. Првото место кое го посетивме беше паркот со ветерници во Богданци – eден од најзначајните проекти кои КфВ ги има поддржано, а во сопственост на АД ЕСМ чија изградба е финализирана во 2014 година. Во тек е втората фаза од конструкцијата на овој ветерен парк со чија реализација ќе се исполни планираниот капацитет од 50MW инсталирана моќност. “, истакна директорот на КфВ во Северна Македонија г. Мориц Реме.
Реме истакна дека е горд на овој проект во Македонија, истакнувајќи дека ова не е само прв ветерен парк во Македонија и прв во регионот, туку е и показател за тоа дека во нашата држава може да се обезбедува струја на ветерен погон. Истовремено, тој истакна дека оваа инвестиција помага и во руралниот развој со креирање на нови работни места за локалните жители, кои, како што истакна, со предходни обуки, се ангажирани како техничари на работа во ветерниот парк.
Според Ардијан Муча од ЕСМ, во тек се подготовките за втората фаза за прожирување на ветерниот парк во Богданци со уште 3 нови турбини. Во моментов тече тендерската процедура за избор на изведувач, а изградбата на новите три турбини се очекува да почне идната година. Во моментов постоечките 16 исталирани турбини обезбедуваат струја за 16000 домаќинства, а со новите турбини се очекува овој број да се зголеми.
За проширување на ветерниот парк во Богданци германската банка за развој КФВ обезбеди дополнителни финансии во висина на 18 милиони евра.
За време на патувањето, амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн ги претстави германските организации кои веќе 30 години работат во државата и информираше за приоритетните области на дејствување кон кои тие се насочени.
„Во Северна Македонија активностите на ГИЗ се насочени кон поддржување на државата на патот кон Европската Унија преку различни проекти и иновативни пристапи кои се во согласност со Агендата 2030 и целите за одржлив развој“, истакна амбасадорката Холштајн.
Во однос на развојната банка КфВ таа истакна дека најголемиот дел од портфолиото на КфВ е во секторите обновлива енергија и енергетска ефикасност, наводнување, општинска инфраструктура како и финансискиот сектор.
Второто место кое го посетивме беше винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци каде се одржа кратка панел дискусија за поддршката и развојот на руралните подрачја и за проектите поддржани од ГИЗ. За време на дискусијата се обрати и директорот на ГИЗ во Северна Македонија, г. Давид Оберхубер кој истакна дека во моментов Германија преку ГИЗ поддржува повеќе од 15 проекти во Северна Македонија и регионот кои се фокусирани нa добро владеење и демократија, животна средина и климатски промени, и економски развој и вработување.
Беа претставени проекти на Националната мрежа за рурален развој поддржани од ГИЗ. Извршено е мапирање на сите „зелени“ компании во Западен Балкан, со кое Националната федерација на фармери помага да се зголеми женското учество и сопственишто во земјоделските стопанства, во кое сега има само 5 отсто жени – сопственици на имот во руралните средини. Со финансиска помош од ГИЗ, создадена и онлајн платформа со која малите земјоделци своите производи ќе ги пласираат ирекно до крајните купувачи.
Од страна на здружението „Слоу фуд“, поддржано од ГИЗ, изготвена е мапа на гостилници во Макдеднија во кои се нуди автентично зготвена храна од традиционалната македонска кујна.
Со поддршка на ГИЗ во моментов се работи на проектот за препознавање на македонското вино во светот според географското потекло и винските региони во земјата. Од најголемата винарија „Тиквеш“ посочија дека иако добиваат медали за квалитет на светски реномирани саеми за вино, тоа не се рефлектира на географската претпознатливост на нашите вина.
На самиот крај амбасадорката Холштајн ги покани претставниците на медиумите, како и сите заинтересирани граѓани да го посетат отворениот настан на 17 септември, кој ќе се одржи во градскиот парк во Скопје од 12:00 до 16:00 часот. За време на настанот амбасадата на Сојузна Република Германија и останатите германски организации ќе ја претстават својата работа и проекти со цел да се одбележи 30 годишнината од германско-македонската соработка.
Д.Мишев