• Latest

Трнлив патот до ЕУ

June 27, 2018

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трнлив патот до ЕУ

June 27, 2018 12:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ставањето финален печат на Договорот со Грција и негово верификување како легитимен и пожелен за подобрување на статусот на државата со влез во ЕУ и НАТО, се поочигледно е дека ќе зависи од референдумот за или против прифаќање на името Северна Македонија.

Начелно, условен датум за преговорите е јуни 2019, се разбира во зависност од позитивниот исход на референдумот. Истото важи и за ЕУ и за НАТО.

Но, влезот на Македонија не зависи само од референдумот, туку од реформите во јавната администрација, судството, разузнавачките служби и во борбата против корупцијата. Што нормално зависи не само од промените во Законот за антикорупција, туку и од начинот на кој ќе се реформира Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Бидејќи фокусот, во демократски манир, е свртен кон граѓаните во чии раце лежи судбината на Македонија, нејзиниот идентитет, јазик, култура и историја, за кои опозицијата смета дека се најбитното нешто што го поседуваме како нација и дека промената на Уставот на државата е неприфатливо сценарио, останува да видиме дали тие ќе го бојкотираат референдумот или не.

Од друга страна, општиот впечаток во јавноста е дека со или без референдумот власта донела позитивна одлука што ќе помогне во напредокот на државата без менување на истите обележја во таков вид како што смета опозицијата.

Но, референдумот зависи можеби во најголема мера од начинот и формата на спроведување.

Ако Државната изборна комисија е надлежна за негово облигаторно спроведување на државно ниво, што подразбира дека таа треба да е функционална, Избирачкиот список во солидна состојба, надлежните институции добро координирани со ДИК,  Изборниот законик прочистен и доследен за фер и демократски референдумски процес, во овој случај, а и самиот Закон за референдум и граѓански иницијативи усогласен со другите закони, тогаш можеме слободно да го предвидиме крајот и исходот.

До крајот на месецот Собранието, поточно Комисијата за избори именување треба да свика седница и конечно да се види партискиот состав на ДИК, чиј претседател ќе биде од редовите на опозицијата. Според последните информации најверојатно седницата ќе се одржи идната недела, а работата ја одолговлекува опозицијата која е неодлучна околу изборот на своите кандидати.

Од СДСМ, за  членови на ДИК предложени се Борис Кондарко, поранешниот претседател на ДИК, Јанакие Витановски, поранешниот член на Комисијата за лустрација и Радица Ристеска, судијка од Охрид.

Што се однесува до Законот за референдум и граѓански иницијативи, се смета дека е нејасен и застарен во повеќе членови некоординиран со другите закони, а истовремено се предлага намалување на високиот цензус од 50 % плус еден глас излезност.

И додека партиите и јавноста калкулираат како најефикасно да се излезе на крај со оваа историски битно прашање, од ЕУ дадоа условен датум за започнување на преговори, но тоа предразбира целосно почитување и исполнување на поставените услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ.

Или во превод, Македонија се наоѓа на тенката линија на мечот со две сечила. Или уште подобро, трнлив е патот до ЕУ.

Биљана Јордановска

Tags: ЕУМакедонијаНАТОпредизвициреферендум
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ