• Latest

Трошоците на живот во март повисоки за 1,6 проценти на годишно ниво

April 10, 2018

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трошоците на живот во март повисоки за 1,6 проценти на годишно ниво

April 10, 2018 19:20
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Трошоците на живот во март во однос на февруари годинава не се променети, а споредено со март минатата година бележат пораст од 1,6 проценти. Цените на мало, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во март  во однос на февруари годинава бележат намалување за 0,1 процент, а во однос на март лани пораст за 2,9 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,1 процент, житата за 1,6 отсто, замрзнатото овошје за 1,2 отсто, компирот за 0,9 отсто, млекото за 0,8 отсто, сирењето и урдата за 0,5 отсто, другите пекарски производи за 0,3 отсто и трбушките за 0,2 отсто.

Во март годинава пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата за 3,3 проценти, предметите за лична хигиена и здравје за 1,2 отсто, услугите за лична хигиена за 1,1 отсто, средствата за чистење и одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 0,9 отсто,…

Пораст на трошоците на живот има и кај обувките за 0,7 отсто, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,6 отсто, големите електрични апарати, услугите за култура за 0,5 отсто, облеката, материјалите за одржување и поправки на станот, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, велосипедите за 0,4 отсто, други услуги поврзани со станот, неспоменати на друго место, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, услугите за сместување за 0,3 отсто, текстилот за домаќинствата, алатитe и опремата за куќа и градина, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа, градините, растенијата и цвеќињата за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај оризот за 1,5 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,1 отсто, другите прехранбени производи за 0,9 отсто, месото за 0,7 отсто, јајцата за 0,6 отсто, рибата и морските плодови, јогуртот за 0,5 отсто, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,3 отсто.

Статистиката регистрира намалување на индексите на трошоците на живот и кај течните горива за домаќинствата за 3,7 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3,2 отсто, болничките услуги за 3,1 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,7 отсто, книгите за 2,6 отсто, гасот за домаќинствата за 2,5 отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 2,3 отсто, авионскиот превоз на патници за 1,6 отсто, информатичката опрема за 1,3 отсто,..

[divide]

Извор: МИА

Tags: МакедонијаПотрошувачка кошничка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ