• Latest

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата, треба да се почитуваат протоколите

September 22, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата, треба да се почитуваат протоколите

September 22, 2021 14:38
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Во моментов нема потреба за други мерки освен оние што се утврдени од Комисијата за заразни болести за да се заштитат учениците од КОВИД-19 во училиштата, изјави министерката Мила Царовска во врска со донацијата на брзи тестови од Општина Илинден за КОВИД-дијагностицирање во трите основни и во средното општинско стручно училиште „Илинден“.

-Не станува збор за желби и можности, туку за препораки од здравствените власти. Ако Комисијата за заразни болести утврдила протокол и постапување, сметам дека сите општини и сите училишта треба да ги почитуваат. Ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нема додатна вредност во даден момент. Доколку тие утврдиле дека има потреба, тогаш ќе го спроведеме во сите училишта, но во моментов останува да се почитуваат препораките што се дадени, а тоа е да има дезинфекција, мерење температура и проветрување на просториите, изјави Царовска одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

Министерката посочи дека училиштата се подготвени за преминување на моделот настава на далечина, наставниците се обучени и имаат пристап до националната платформа и секаде каде што досега се појавиле КОВИД-случаи и изолирање на учениците, рече, училиштата ги ставиле во функција овие алатки. Притоа посочи дека се видело оти системот функционира и е на располагање за онлајн-настава уште на 1 септември кога четири средни училишта во Тетово и Гостивар почнаа да работат онлајн.

Во однос на критиките од опозицијата за ИТ-уредите (таблети) преку училишните библиотеки и за дигиталните учебници, Царовска одговори дека не ја разбира критиката и не гледа проблем во тоа што на учениците кои немаат дигитални уреди во своите домови и немаат финансии  да ги купат, училиштата ќе им ги обезбедуваат уредите на реверс.

Посочи дека во библиотеките има 20 проценти од печатените учебници и тие им се даваат само на ученици кои немаат услови за користење дигитални уреди зашто немаат електрична енергија во нивните домови.

– Минатата година се утврди дека такви ученици има 1200. Тие 12 години владееја со државата и не утврдија колку ученици немаат електрична енергија. Ние тоа го направивме за една година. Токму затоа, за 20 проценти од бројот на ученици во државата се испечатени учебници и се во библиотеките со цел учениците во училиште да имаат пристап до учебниците. Исто така, и учениците кои немаат дигитални уреди да ги земат за во своите домови,  рече Царовска.

Додаде дека опозицијата нема ниту еден конструктивен коментар за процесите што ги води МОН, но дека дневно може да ги видат сите проекти – опремување на училиштата, отворање нови струки и дуални паралелки во соработка со компаниите, како и спроведување на новата концепција за основно образование која почнала успешно во целата држава.

-Апелирам до политичките партии да ги тргнат рацете од образовниот систем и образовните процеси затоа што образованието не разликува политичка партија. Таму се и нашите, и нивните деца, и сите ние работиме со една цел – подобрување на квалитетот на образованието кое е на очајно ниво. Тие не се трудеа да го подобрат и тоа го видовме во 12 години. Затоа и резултатите од ПИСА, ТИМСС и ПИРЛС се очајни, зашто се години се обидуваме да останеме на статус кво наместо да направиме храбри чекори за унапредување на образовниот систем. Нема да застанеме заради нечии ситни партиски цели, туку ќе работиме во интерес на сите наши деца, додаде Царовска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на гимназијата во Крива Паланка.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ