• Latest

Царовска: Кога истакнуваме различности, да ги истакнуваме како позитивни вредности

November 11, 2020
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Царовска: Кога истакнуваме различности, да ги истакнуваме како позитивни вредности

November 11, 2020 16:15
in ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелната министерка за образование и наука, Мила Царовска, може да се пофали со богато портфолио како во политиката, таа и во граѓанскиот сектор. Од граѓанска активистка до најуспешна министерка во првиот состав на Владата предводена од Зоран Заев, во тоа време во Министерството за труд и социјални политики, до предводник на нова иднина на образованието во нашата држава.

Со оглед на тоа дека образовниот систем често се доживува и се анализира како извор на етнички предрасуди и стереотипи во ова интервју со Царовска се фокусиравме на предизвиците и промените во образовниот систем соодветни на националните интереси – изградба на мултикултурно општество во кое се негуваат европските вредности.

Позната во јавноста како прогресивна личност, со Царовска вниманието го насочивме кон образованието како општествено ткиво за обединување на различностите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Колку Министерството за образование е подготвено да се соочи со предизвиците да се изгради образовен систем кој ќе придонесе кон надминување на предрасудите и стереотипите по етничка основа, национализмот и етничката омраза? Кои се плановите, која е временската рамка за нивно реализирање? Кои се главните предизвици?

ЦАРОВСКА: Толеранција и концепт за едно општество се учи од најмала возраст, токму затоа концепцијата за ова и за новата наставна програма за основно образование ќе ги адресира и овие прашања, многу јасно и недвосмислено, заради тоа што почитувањето, треба да го научат учениците и во училиште. Ако некаде се пропушти да се научи дома, затоа што не сме сигурни секое дете како живее, тогаш училиштето е второто место каде што задолжително мора да се научи толеранција и меѓусебно почитување, и со тоа, создаваме идни генерации коишто ќе се почитуваат и ќе ги надминуваат разликите и ќе ги сметаат за квалитет и работа која не гради сите нас подобро, а не не разделува… Дополнително имаме, еве, само што се објави повикот за поддршка на мултиетнички училишта, со поддршка од ОБСЕ, каде што имаат можност да развиваат заеднички проекти, да покажат дека таквите училишта имаат подобри резултати, заради тоа што тие различностите ги гледаат како предност, и сакаме тие добри примени да бидат истакнати во наредната година.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во минатото имаше такви училишта, односно, се уште има двојазични па и тројазични училишта, меѓутоа во одредени општини тоа не функционира како што треба. Дали се работи на тој план?

ЦАРОВСКА: Тоа зависи многу од политичката волја. Јас сум против тоа да се сегрегираат, да се поделуваат во различни смени, во одредени рурални средини да се издвојуваат само десетина деца заради тоа што сакаат да учат на својот мајчин јазик. Напротив, треба да учат на својот мајчин јазик, во училишта каде што се учи и на други наставни јазици, и јас ја промовирам таа концепција и идеја, затоа што сметам дека мора да живееме заедно, едни со други, не едни покрај други, за да можеме конечно да изградиме општество коешто се грижи за сите, но и сите граѓани да се чувствуваат дека се дел од ова наше општество.

Мила Царовска, министерка за образование и наука/Фотографија Б. Јордановска

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали и како Министерството за образование и наука се бори против национализмот во образованието? Кои други сектори очекувате да се приклучат кон Вашите заложби? Во која временска рамка и на кој начин?

ЦАРОВСКА: Заедно со министерката за култура постојано сме во комуникација и сметам дека тие последни дванаесет – тринаесет години каде што се обидуваа да воспостават механизми на присилно, да кажеме, индоктринирање на учениците со одредени содржини, за да се зајакне нивната националистичка побуда и став, беа погрешни, и создадоа нешто коешто денеска го гледаме, а тоа е поделба помеѓу граѓаните на многу нивоа, не само по етничка основа. Се делат по партиска основа, потоа, дали живеат во град или во рурално место, и таа тензија може да се намали само со прикажување на позитивни концепти на тоа дека почитувањето на другата култура, почитувањето и учењето за другата култура, или етничка заедница, или друга возраст, или место на живеење, може да не направи посилни, како држава. И дека тоа ни додава вредност, не ни ја одзема вредноста. И мислам дека низ курикулите, низ  наставните содржини, низ дебати што треба да се случуваат, заедно со министерката за култура, ќе успееме да создадеме чувство кај сите граѓани дека припаѓаме на една држава и дека ние, сите заедно треба да се грижиме оваа држава да биде што поквалитетна, и да создава што поквалитетно кадри понатаму.

Интервју со министерката за образование и наука, Мила Царовска/ Фотографија Б. Јордановска

ЦИВИЛ МЕДИА: Што ќе им препорачате на различните засегнати страни во општеството и креаторите на политики и практики во доменот на меѓуетничките односи, како што се медиумите, граѓанското општество, институциите, политичките партии, академијата, како и други чинители?

ЦАРОВСКА: За да можеме да го надминеме ова прашање, затоа што се направи проблем таму каде што немавме проблем, мора да се работи на многу фронтови. И токму затоа, ги повикувам сите граѓански организации, сите медиуми, да внимаваме на кој начин, и што пласираме. Дека сето она што го пласираме, треба да води кон единство, а не кон разединување. Дека кога истакнуваме различност, треба да ја истакнуваме позитивно, а не да се трудиме во што понегативна да се каже за другата страна. И на тој начин, ако работиме на повеќе фронтови, и во културата и во образованието, и во граѓанскиот сектор во општеството, секако сето тоа го пласираме преку медиуми, коишто тие медиуми преносот на тие информации ќе го прави на најпозитивен начин што може, тогаш сметам дека ќе создадеме една атмосфера на единство и на позитивен развој.

 

Дијана Тахири

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотогорафија: Биљана Јордановска


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.


Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, не секогаш ги одразуваат оние на донаторите на ЦИВИЛ. Ставовите изнесени во изјавите, интервјуата, анализите и колумните, се одговорност исклучиво на Автор(к)ите.

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ