• Latest

Царовска: Образованието не се базира на историја, концепцијата нема никаква врска со надворешно-политички прашања

February 4, 2021

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Царовска: Образованието не се базира на историја, концепцијата нема никаква врска со надворешно-политички прашања

February 4, 2021 12:23
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интегрирање преку наставни содржини, а не  укинување на предмети, предвидува концепцијата за основно образование, вели во интервју за МИА, министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во врска со интегративниот процес, кој е содржан во реформата и кој предизвика реакции во јавноста, со тврдења дека се укинува предметот историја, особено сега во чувствителен перод во односите меѓу Скопје и Софија, Царовска напоменува дека интеграцијата постои и во сегашниот модел од прво до петто оделение, а сега е превидено да продолжи до девето.

„Образованието не се базира на историја и оваа концепција нема никаква врска со надворешните политички прашања на нашата држава. Има единствено врска со внатрешни постигнувања на нашите деца коишто понатаму треба да бидат продуктивни граѓани да ја водат државата. Е сега, интеграција и денеска постои, во петто одделение вие имате интеграција и немате никаков проблем тука. Имаме во четврто, петто и така подметнувања одреден предмет за да се прејде кон предмет на настава од шесто. Од шесто сега би требало само да продолжи. Значи, станува збор за шесто, седмо, осмо и деветто одделение интегрирање, но не целосно поклопување на научните дисциплини“, вели Царовска.

Појаснува дека предметите во рамки на општествените или природните науки, остануваат модуларно, бројот на часови останува ист, а интеграцијата се однесува на темите коишто се учат да се поврзат со сите научни дисциплини.

„Зошто? Затоа што ниту еден проблем во животот, ниту еден предизвик не го решаваме само со користење на една научна дисциплина. Треба да имаме сознанија од повеќе научни дисциплини за да можеме да ги надминеме прашањата коишто ни се поставуваат за разгледување на маса. Тоа го поставуваат и сите меѓународни тестирања. Ние со години ништо не менуваме и се чудиме зошто меѓународните тестирања едноставно не оставаат најдолу. Не се нашите деца помалку паметни од другите деца, туку едноставно нашиот систем не ги учи да проблемите ги разгледуваат од повеќе агли“, вели Царовска.

Додава дека предметите модуларно ќе постојат и дека никој не треба да се плаши дека ќе остане без работа.

„Јас одговорно тврдам дека ние ќе имаме дефицит. Ние ќе имаме дефицит на кадар со ваква интензивна работа на училиштата. Сега училиштата работат само формално образование и само она што е задолжително. Останато време учениците го поминуваат – дел од нив без позитивно влијание, дел од нив ако родителите имаат финансиски средства да платат со позитивно влијание, но плаќаат за истото – различни секции, различни спортови итн“, додава таа.

Концепцијата, како што посочи во интервјуто за МИА предвидува и поголема автономија на наставниците во однос на прилагодување на дел од програмата, внесување на нешто ново.

„Затоа што ниту едно дете не можете да го ставиме во калап. Секое е само за себе. Ниту една средина не можете да ја ставите во калап, а на наставникот сега му е ограничено правото да менува. Тој шаблонски мора да следи нешто што  му е зададено. Сега со автономија на наставникот и со можност на ученикот да избира училиштата стануваат попријатна средина. Многу време ќе ни треба да ја направиме пријатна средина училиштето заради тоа што во моментов има еден отпор кај учениците кон училиштето, но е важно да почнеме да го градиме тоа и да за шест години си зададеме задача да имаме пријатни училишта коишто се безбедни средини за сите ученици“, нагласува Царовска во интервјуто за МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ