„ВМРО-ДПМНЕ преку своите портали и партиски мегафони како Каракамишева пак се обидува дрско да манипулира со граѓаните. Оваа вест е чиста лага, сликата е извадок од Електронскиот дневник, систем воспоставен во 2010 година! Нема крај на лагите, граѓаните да не наседнуваат“,реагира министерката за образование, Мила Царовска на Твитер по објавата на Тања Каракамишева, исто така, на Твитер за графа во електронски дневник, каде родителите се нумерирани со 1 и 2.
ВМРО-ДПМНЕ преку своите портали и партиски мегафони како Каракамишева пак се обидува дрско да манипулира со граѓаните. Оваа вест е чиста лага, сликата е извадок од Електронскиот дневник, систем воспоставен во 2010 година! Нема крај на лагите, граѓаните да не наседнуваат. pic.twitter.com/P0EwBbOHr6
— Mila Carovska (@mila_carovska) May 10, 2021
Каракмишева на Фејсбук за оваа објава најави и тужба за навреда и клевета поради обвинувањето од Царовска дека нејзината објава е лажна вест. Всушност министерката Царовска реагира на насловот дека е Е-дневникот е нејзин концепт, а не дека графата со родител 1 и 2 не постои. Сепак, Каракмишева одлучува да се држи до обвинението дека Царовска го негира постоењето на ваквата графа, каде се изоставени мајка и татко на сметка на родител 1 и 2.
Во истиот манир за истата фотографија од Електронски дневник, воспоставен во 2010 година, реагира и поранешниот вицепремиер и македонски амбасадор во Бразил, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Боцевски, се надоврза со коментар на Фејсбук дека се чувствува навреден што му се одзема неговиот идентитет како татко. Активистката Ирена Цветковиќ во коментар на постот освен што го потсетува Боцевски дека се работи за систем кој е воспоставен во 2010 година прашува и зошто се „освестил“ по 11 години дека ваквата поделба е проблематична, зошто не реагирал кога ВМРО-ДПМНЕ беа на власт и тие се оние што го вовеле.
Е-Дневникот е започнат со имплементација со само дел од модулите во учебната 2010-2011 година и оттогаш постојано се надоградува со имплементирање на нови функционалности и подобрување на истите.
Б. Ј.