• Latest

Цените на лебот, млекото, месото паѓаат – Владините мерки даваат резултати, инспекциите на готовс за решавање на „воените профитери”

December 8, 2022

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Цените на лебот, млекото, месото паѓаат – Владините мерки даваат резултати, инспекциите на готовс за решавање на „воените профитери”

December 8, 2022 10:06
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве во поголемите ланци на маркети сме сведоци на намалување на цените на производите, па така леб може да се најде од 37-40 денари, маслото за јадење е околу 110-115 денари што е драстично поевтино од изминатиот период кога лебот достигна и 60-70 денари, а маслото 160 денари за литар.

Во продавниците веќе може да забележиме намалени цени на свежото месо, но и значително намалување на сувомеснатите производи.

Но и овие намалувања се далеку од цените по кои треба да се продаваат производите. Сепак првите ефекти треба да се очекуваат од втората половина на месецов.

Владата обезбеди евтина струја за над 200 прехранбени компании кои произведуваат основни продукти. Овие компании од почетокот на декември плаќаат 80 евра за мегават час и нема да зависат од секојдневните поместувања на скапата берзанска струја.

Цените допрва ќе паѓаат

И актуелните намалени цени допрва треба да паѓаат со оглед дека двата инпути за производство, како струја и гориво драстично поевтинија за разлика од пред 3 месеци.
Струјата им поевтини неколкукратно, со оглед дека имаше периоди кога компаниите плаќаа и над 600 евра за мегават час, сега плаќаат максимални 80 евра.

Дополнителна позитивна ситуација е значителното намалување на нафтата, која чинеше и над 110 денари за литар, а сега се движи околу 80 денари за литар, што е за 25% помалку.

Граѓаните обвинија дека некои маркети и фабрики не ги намалија цените – тие се воени профитери, инспекциите ќе одговорат жестоко

Дел од маркетите не ги намалија цените, тоа го воочивме и ние и граѓаните. Според граѓаните се работи за фирми кои на мака на народот прават воен профит во вакви кризни времиња. Сепак тука е државата и инспекциските служби кои секојдневно се на терен и реагираат на манипулациите од фирмите кои користат евтина струја, а продаваат екстремно скапи производи.

За компаниите кои прават манипулации и воено профитираат во време на оваа најголема економска криза ќе следуваат огромни казни.

Наскоро се очекува да се дознае и за тоа колку компании го прекршиле законот до сега, а граѓаните за неправилностите во маркетите во однос на основните прехранбени производи во секој момент може да ја контактираат Државната пазарна инспекција.

Centar.mk дознава дека власта е решена жестоко да се спротистави на компаниите воени – профитери, заштитувајќи го интересот на граѓаните.

Извор: Центар

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владамаркетиструјацени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ