По неколкунеделни турбуленции и стравувања од нов енергетски шок, цените на нафтата привремено се стабилизираа на светските берзи. Смирувањето на тензиите на Блискиот Исток, заедно со сигналите дека големите производители нема да дозволат драстичен недостиг на сурова нафта, донесоа краткорочно олеснување за глобалните пазари.
Во изминатиот период, енергетските пазари беа под силен притисок поради геополитичките конфликти, особено околу Ормускиот теснец – една од најважните поморски рути за транспорт на нафта во светот. Стравувањата дека евентуална ескалација меѓу САД и Иран може да го наруши снабдувањето доведоа до нагли скокови на цените и зголемена неизвесност кај инвеститорите.
Сепак, последните дипломатски сигнали од Вашингтон, Техеран и регионалните посредници придонесоа за намалување на паниката. Дополнителен фактор за стабилизацијата е и најавата дека земјите членки на OPEC и нивните партнери внимателно ја следат состојбата и се подготвени да интервенираат доколку дојде до нарушување на пазарот.
ЦИВИЛ Медиа Деск












































