Портпаролот на Изборната комисија на Косово, Валмир Елези, на конференција за медиумите изјави дека прелиминарните резултати од денешните парламентарни избори во Косово ќе бидат познати многу порано, за разлика од минатото, пренесува ЦивилМедиа.
„Се надеваме дека со оглед на тоа што броењето на гласачките ливчиња на избирачките места ќе се врши само за делот од гласачкото ливче каде што граѓаните ги избраа политичките субјекти, тоа ќе се направи побрзо – бидејќи нема да имаме пребројување на делот од гласачкото ливче каде што граѓаните ги избираа кандидатите за пратеници, се надеваме дека за кратко време ќе можеме да ги имаме прелиминарните резултати од изборите.
Ова, рече тој, ќе зависи „од напредокот на пребројувањето на гласачките ливчиња на избирачките места и поставувањето на овие податоци од страна на нашите службеници кои се наоѓаат на овие избирачки места“.