• Latest

Централни митинзи, Петровска се дистанцира од Студијата за гасоводот, Димитриевски вели снимката за поткуп е монтирана, обуки на избирачките одбори за фингерпринт апаратите

October 12, 2021

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Централни митинзи, Петровска се дистанцира од Студијата за гасоводот, Димитриевски вели снимката за поткуп е монтирана, обуки на избирачките одбори за фингерпринт апаратите

October 12, 2021 22:00
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На неполни четири дена пред локалните избори, кандидатите за градоначалници и партиите од кои доаѓаат, почнуваат со заокружување на своите предизборни кампањи низ општините. ВМРО –ДПМНЕ и Левица со централни митинзи во Скопје, СДСМ со изборниот караван во Крива Паланка.

Државната изборна комисија почнува со  финализирање на подготовките за изборниот ден, од денеска почнуваат дополнителните обуки и повторни обуки за сите претседатели и нивните заменици на избирачките одбори за користење на апаратите за отпечаток од прст, кои ќе управуваат со овие уреди. Планирано е тие целосно да завршат до петок.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва во рамки на кампањата за Локалните избори 2021 одржува централен митинг во Скопје.

На митингот се обрати и кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, која на овие локални избори доби поддршка од опозициската партија и коалицијата, како и од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Централниот караван „Најдоброто за мојата општина“ на СДСМ вечерва е во Крива Паланка, каде на градскиот плоштад се одржува промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Крива Паланка.

Денеска на дигиталната платформа Zoom беше одржана онлајн трибина, на тема – Инклузија на младите во локалните политики, организирана од Движењето Одлучно за промени. На трибината, панелисти беа кандидатката за градоначалничка на Куманово – Теодора Димитровска, кандидатката за советничка на Град Скопје – Теодора Крстевска, носителот на советничка листа за Ѓорче Петров – Бојан Петровски и кандидатот за советник во Битола – Александар Стојановски.

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од Зелен Хуман Град, Ана Петровска  се дистанцира од Студијата за Гасоводот на Водно работена во 2011.

„Јас не сум работела само за Скопје, Гостивар, Кичево, туку за целата гасоводна мрежа за потребите на тогашен простор Куманово. Понатаму, деловите од она што јас сум го работела биле преземени од Технолаб и навистина не знам во која верзија тие делови се преземани, и како изгледа последната верзија на студијата работена во 2011 година, ниту можам да преземам одговорност за нешто што не сум потпишала“, изјави Петровска.

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје Петар Георгиевски Камиказа вечерва на централниот митинг во Скопје изјави дека сите неопределени гласачи овој пат на изборите ќе им пресудат на двете големи политички партии. Се надевам дека во најголем број ќе излезат оние кои не гласале со години. Се надевам на оние кои едноставно им беше се преку глава и сите овие години овие две политички партии направија да се чувствуваат луѓето безнадежни, истакна Георгиевски.

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во емисијата „СТАВ“ на ТВ Плус Куманово, во однос на снимката што утрово излезе во медиумите, потенцираше дека тоа е комплетно монтиран случај.

„Запознаен сум со случајот. Живееме во едно општество во коешто конгломерат од луѓе кои се групирани во врвови на политички партии, особено на оние кои владеат, а со коишто јас расчистив секогаш се организираат да ги прикажат оние кои се жртва за главни виновници. Тоа е комплетно монтиран случај. Прво, самата снимка се слуша дека кандидатот за советник не нуди поткуп, туку од него се бараат средства. Уште од самиот почеток сум запознаен со таа случка. Тоа лице се има обратено и до мене, се има понудено да даде поддршка во изборниот процес. Го имаме упатено во надлежниот изборен штаб каде што живее. Се сретнал со одговорното лице во тој штаб и побарал да му се дадат средства за да обезбеди гласови. Од моја страна, кога бев информиран изрично реков дека ние не се занимаваме со такви работи. Ниту сакаме, ниту пак ќе дозволиме да го прекршуваме законот и да нудиме средства за купување на гласови“, истакна Димитриевски.

ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ

На претстојните локални избори, во општина Дебар правото на глас треба да го остварат 19.211 лица што е за 637 гласачи повеќе споредено со изборите во 2019 година. Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа се запишани 7.317 лица или 364 гласачи повеќе, споредено со последните избори.

И двете општини потпаѓаат под Изборна единица број 5. Во општина Дебар ќе се гласа на 27 додека во општина Центар Жупа на 16 избирачки места.

Во општина Дебар граѓаните нов градоначалник ќе избираат меѓу тројца кандидати, актуелниот Хекуран Дука, од ДУИ, поддржан од СДСМ и коалицијата, Беким Поцеста од Алијансата за Албанците – Алтернатива, подржан од ВМРО-ДПМНЕ и Петрит Клења од Демократската партија на Албанците.

За 15-те советнички места во трка се 75 кандидати на пет кандидатски листи и тоа на СДСМ, ДУИ, ВМРО- ДПМНЕ, Беса и со заедничка листа настапуваат Алијанса за Албанците-Алтернатива.

ДИК

Од денеска почнуваат дополнителните обуки и повторни обуки за сите претседатели и нивните заменици на избирачките одбори за користење на апаратите за отпечаток од прст, кои ќе управуваат со овие уреди. Планирано е тие целосно да завршат до петок. Ова денеска го соопшти членот на ДИК Борис Кондарко на 30-та седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Тој ги повика сите претседатели и нивните заменици на избирачките одбори задолжително да дојдат на обуките, а нивните работадавачи од државната и јавната администрација да ги ослободуваат од работа за таа намена.

Во петок, со придружба и обезбедување на полицијата, ДИК ќе ги достави сите уреди за апаратите за отпечаток од прст во сите општински изборни комисии, кои и таму ќе бидат соодветно обезбедни од полицијата. Додаде дека уредите за биометриска идентификација на гласачите се комплетно подготвени и наполнети со отпечатоците од прсти на гласачите од избирачкиот список, добиени од страна на МВР.

Во рамки на 30-та седница на Државната изборна комисија (ДИК), едногласно беа одобрени барањата за добивање овластување за набљудувачи за претстојните локални избори од страна на „Ал Џезеира Балкан“ – дописништво Скопје, НВО „Цивил“, Граѓанска превенција-Превенција за време на избори, Државна изборна комисија на БИХ. Од ДИК информираат дека досега има вкупно 1.102 набљудувачи.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ОБУКА Утре, 13 октомври (среда), во 17 часот, ќе се одржи онлајн обука за краткорочните набљудувачи, како продолжение на обуките започнати минатиот викенд во Скопје.

ИЗВЕШТАЈ Во петок, 15 октомври, со почеток во 12 часот, ЦИВИЛ ќе го презентира Извештајот од долгорочниот изборен мониторинг и препораките на организацијата, во живо, со почеток во 12:30 часот на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на организацијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ