• Latest
Фото: Википедиа

Ципрас побара поддршка, опозицијата – предвремени избори

January 16, 2019

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ципрас побара поддршка, опозицијата – предвремени избори

January 16, 2019 07:55
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Википедиа

Фото: Википедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на првиот ден од расправата за гласање доверба на Владата, од пратениците побара сите да застанат пред нивната совест, но и пред интересот на земјата и народот.
Тој им порача на пратениците слободно да дадат јасен одговор: дали имаат доверба во Владата или не.

Во своето обраќање Ципрас направи ретроспектива на сето она со кое што се соочила неговата Влада во изминатите години, што направила, но и што треба да направи во иднина.

„Голема можност да се реши едно историско, политичко и дипломатско нерешено прашање од многу децении. Мојата совест и мојата патриотска должност ми наметнаа да ја искористам оваа историска можност, знаејќи дека ова ќе има политичка цена. Од прв момент заедно со тогашниот Министер за надворешни работи, Никос Коѕијас  со нашите души и ум му се посветивме на големиот обид за решавање на оваа разлика за името на соседната земја, што претставуваше и претставува доколку не се реши, голема тежина во дипломатијата и надворешната политика на земјата, но и голем трн за стабилноста на регионот“, рече Ципрас, истакнувајќи дека не се согласува со ставот на лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, и рече дека греши.

Наместо од собраниската говорница, Каменос, кој не се обрати пред пратениците, на Алекис Ципрас му одговори преку неговиот официјален Твитер профил.

„Грешка на премиерот е поддржувањето на веќе мртвиот Договор од Преспа“, напиша лидерот на Независни Грци, Панос Каменос на Твитер, веднаш по говорот на Алексис Ципрас во грчкиот Парламент.

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Кирјакос Мицотакис го повтори неговиот став дека давањето глас за доверба значи „да“ за Договорот од Преспа, „што претставува голема национална отстапка“.

Во однос на Договорот од Преспа, Мицотакис уште еднаш го обвини Ципрас, дека отстапил македонски идентитет и македонски јазик.

Лидерите на сите опозициски партии, во нивните обраќања рекоа дека не ја поддржуваат владата, ќе гласаат против обновувањето на доверба и истакнаа дека единствено решение за земјата во овој момент се избори.

Во текот на денешниот ден се очекува збор да земат пратениците, а непосредно пред гласањето повторно ќе се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Според последните пребројувања и јавно изнесени ставови од пратениците, Владата ќе ги добие потребните 151 глас за доверба и поддршка.

Освен 145-те пратеници на владејачката СИРИЗА на Ципрас, се очекува, позитивно да гласаат и независната пратеничка и алтернативна министерка за цивилна заштита, двајца поранешни и двајца сегашни членови на Независни Грци и поранешниот пратеник од Река, Спирос Данелис.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ