• Latest
Од архивата на ЦИВИЛ: Караван на слободата, 2016, концерт на групата Бла-Бла-Бла

ЦИВИЛ го објавува почетокот на проектот ,,Обединети во различноста” во соработка со Министерство за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург

October 18, 2020

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ го објавува почетокот на проектот ,,Обединети во различноста” во соработка со Министерство за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург

October 18, 2020 12:11
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Од архивата на ЦИВИЛ: Караван на слободата, 2016, концерт на групата Бла-Бла-Бла

Од архивата на ЦИВИЛ: Караван на слободата, 2016, концерт на групата Бла-Бла-Бла

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ го започна проектот ,,Обединети во различноста” во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Луксембург. Целта на проектот е надминување на погубните последици од етничките тензии преку кампања за јакнење на јавната свест, со цел да се разберат и деконструираат националистичките наративи и да се предложат начини како да се надминат поделбите, тензиите и насилството по етничка основа.

Преку овој проект, ЦИВИЛ има намера да прати силна порака против национализмот и да ги повика граѓаните да продолжат со поддршката на ЕУ иднината на Северна Македонија. Македонското општество е мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко. Овој факт на реалноста ги претставува и убавината и големите потенцијали на земјата.

Проектот на ЦИВИЛ ,,Обединети во различноста” е добра можност да се говори за убавината на различноста и да се даде глас на големото мнозинство од луѓе кои ги прифаќаат европските вредности и процесот на интеграцијата во Европската Унија.

Различноста претставува огромен потенцијал за просперитет и благосостојба на сите индивидуи и заедници во општество што живее во хармонија со самото себе. Различноста ја поттикнува креативноста и ги зголемува можностите за успех во сите сфери на општеството, вклучувајќи ја и економијата, социјалната благосостојба, културата, образованието, како и од многу други аспекти. И… тоа е Европа.

Гласот на граѓанките и граѓаните, креаторите на јавното мислење, јавните личности и граѓанското општество ќе бидат слушнати преку низа статии, изјави и интервјуа. Како и секогаш, ЦИВИЛ останува отворен за сите што сакаат да придонесат кон иницијативата со прашања, коментари, статии, фотографии и видеа во контекст на различностите.

Пораката е да бидеме ,,Обединети во различноста”. Да работиме за мир и просперитет и истовремено да го осознаеме богатството што произлегува од нашите различни култури, традиции и јазици.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ