ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, организираа јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во просториите на Општината.
На оваа граѓанска средба беа поканети претставнички и претставници на граѓанските здруженија, медиумите, локалните институции, бизнис секторот, верските заедници, политичките партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани.
Настанот го водеше Дијана Тахири од ЦИВИЛ, а на почетокот говореа градоначалникот Горан Герасимовски и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
По воведните излагања, беше отворена дискусија каде што поканетите говореа за предизвиците, но и за решенијата.
Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
На 29 мај, ЦИВИЛ го одржа првиот јавен настан од серијата „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, во Општина Гостивар.