Утре, 14 ноември 2021, граѓанките и граѓаните од општина Дебар, во рамки на вториот круг на Локалните избори 2021, ќе избираат меѓу актуелниот градоначалник Хекуран Дука, кандидат на ДУИ поддржан од СДСМ и коалицијата и Беким Поцеста од Алијанса за Албанците-Алтернатива поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
Во единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 19.211 лица, а се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните.
ЦИВИЛ ќе ги набљудува изборите во Дебар како дел од изборниот мониторинг за локалните избори со набљудувачи на терен.
ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ
ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности, притисоци и закани, корупција на Граѓанската пријава и да не подлегнуваат на дезинформации и говор на омраза.
ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ
За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.
ЦИВИЛ континуирано ги повикува сите политички партии да се придржуваат кон Изборниот законик и добрите изборни практики. Изборниот законик има голем број слабости и не секогаш тоа што е дозволено со законот е и етички исправно.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ