• Latest

ЦИВИЛ: На светот му се потребни сили што меѓусебно се поврзуваат и почитуваат, а глобалното зло, Холокаустот, да остане во темното минато

January 27, 2023
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ: На светот му се потребни сили што меѓусебно се поврзуваат и почитуваат, а глобалното зло, Холокаустот, да остане во темното минато

January 27, 2023 14:26
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, ЦИВИЛ како организација за човекови права потсетува на времето геноцидот врз европските Евреи за време на Втората светска војна, кога Помеѓу 1941 и 1945 година, нацистичка Германија и нејзините соработници систематски убиваа околу 6 милиони Евреи низ Европа окупирана од Германија.

ЦИВИЛ потсетува дека и ова глобално зло, во кое на грозоморни начини им се одземале животите на милиони невини луѓе само затоа што нацистите и нивните соработници во нивната извртена и антисемитска идеологија сметале дека Евреите (и не само) се понизок облик на живот што ја „контаминира“ ариевската „чиста“ раса,  во самите почетоци на ова мега насилство, иницијално е поттикнувано со говор на омраза, а кое потоа прераснало во намерно физичко насилство со предумисла за фатални завршетоци.

Холокаустот врз европските Евреи останува најголемата дамка на човештвото, и не смее да се заборават огромните човечки загуби од кое светот можеби никогаш нема да заздрави.

Антисемитизмот сè уште постои низ светот, а ниту Северна Македонија не е исклучена од слични „идеолошки изблици“, кои во никој случај не треба да бидат оставени на случајност, и кои треба да бидат третирани како исклучително реална закана по општествениот поредок на земјата.

ЦИВИЛ порачува дека секаков антисемитски говор, поттикнување и следствено насилство од слични пориви се во најмала рака непримерни и деструктивни за едно општество кое се стреми кон повисока форма на егзистенција како човечки вид, во светот, и во земјава.

На овој ден, Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, ЦИВИЛ порачува дека на светот му се потребни сили што меѓусебно се поврзуваат, се почитуваат, признаваат и живеат за да остават светли спомени на генерациите што доаѓаат, а глобалното зло како што е Холокаустот, да остане во темното минато кое сепак е потсетник дека човекот е најголемото зло што може да му се случи на човештвото.

Да не се заборави, и никогаш повеќе да не се случи.

ЦИВИЛ

Tags: сеќавањесоопштениехолокаустЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ