• Latest
Од настанот на ЦИВИЛ во Градски парк во Скопје „Граѓан(к)ите за државата или државата за граѓан(к)ите“. Фото: ЦИВИЛ

ЦИВИЛ: Ни претстои турбулентен период, на граѓан(к)ите им нудиме информации, знаења и вештини за учество, активизам и мониторинг

September 7, 2019

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ: Ни претстои турбулентен период, на граѓан(к)ите им нудиме информации, знаења и вештини за учество, активизам и мониторинг

Првиот од вкупно 8 семинари ќе се одржи во Штип на 28 септември (сабота), во хотел Оаза со почеток во 10 часот. Повикот за учество на семинарот трае до 25 септември. Новата серија на регионални семинари се во многу нешта различни од претходните триесетина вакви настани. Тие се уште подинамични и обработуваат богатство од теми што се соодветни на општествено-политичките состојби и процеси во земјата.

September 7, 2019 15:54
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Од настанот на ЦИВИЛ во Градски парк во Скопје „Граѓан(к)ите за државата или државата за граѓан(к)ите“. Фото: ЦИВИЛ

Од настанот на ЦИВИЛ во Градски парк во Скопје „Граѓан(к)ите за државата или државата за граѓан(к)ите“. Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ започнува со новата серија на регионални семинари, а во тек е и пријавувањето на заинтерсираните за првиот што ќе се одржи во Штип. Семинарот носи наслов „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“, и претставува своевиден континуитет на семинарите што ЦИВИЛ ги организираше изминатите четири години, а на кои учествуваа близу илјада граѓанки и граѓани од сите краишта на Северна Македонија.

Новата серија на регионални семинари се во многу нешта различни од претходните триесетина вакви настани. Тие се уште подинамични и обработуваат богатство од теми што се соодветни на општествено-политичките состојби и процеси во земјата. Во секој случај, се работи за континуитет, бидејќи ЦИВИЛ останува и понатаму посветен на јакнење на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство со кои се промовираат транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржуваат низ целата држава. Семинарите се дел од проектот Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси, финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред. 

Првиот од вкупно 8 семинари ќе се одржи во Штип на 28 септември (сабота), во хотел Оаза со почеток во 10 часот. Повикот за учество на семинарот трае до 25 септември (среда).

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

На семинарот може да се пријават сите заинтересирани граѓанки и граѓани од општините во Источниот плански регион: Берово: Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип.

Од семинарот за транспарентност и одговорност во Велес, август 2019 година. Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Според информациите, семинарите на ЦИВИЛ во новата сезона ќе бидат извонредно интензивни, а една од главните цели е да им помогнат на учесничките и учесниците да се стекнат со практични знаења за мониторингот, објективното и навремено информирање и известување, со користење на придобивките од новите медиуми, комуникациски технологии и платформи. На семинарите ќе биде посветено  и посебно внимание на темите како: транспарентност и одговорност, говор на омраза, лажни вести и корупција, како и на заштитата на човековите права и слободи.

„Ни претстои турбулентен период, на граѓан(к)ите им нудиме информации, знаења и вештини за учество, активизам и мониторинг. Од друга страна, луѓето немаат време за бескрајни предавања. Светот брзо се менува. Мораме, не само да бидеме подготвени за тие промени, туку да бидеме дел од нив. Семинарите на ЦИВИЛ се можност да споделиме вредни искуства, но и да се запознаеме со потенцијални соработници во идните проекти.“ – велат од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 


АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО


РЕСУРСИ ЗА ПОДГОТОВКА НА УЧЕСНИЧКИТЕ И УЧЕСНИЦИТЕ НА СЕМИНАРИТЕ НА ЦИВИЛ

НИЕ СМЕ МЕДИУМИТЕ VOL.2

Share64TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ