• Latest

ЦИВИЛ нотира организирани повици за радикализација и насилство за пад на Владата

November 12, 2021
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ нотира организирани повици за радикализација и насилство за пад на Владата

November 12, 2021 15:46
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа и архивира низа објави на социјалните мрежи и медиумите со говор на омраза и повици за насилство. Врз основа на тоа кој ги креираше и пласираше и како беа пласирани и дистрибуирани овие пораки, може да се дојде до заклучокот дека тие беа организирани од највисоките ешалони на одредени политички партии, помогнати од медиумите и онлајн групите кои се под нивна контрола.

Како што е познато, на 11 ноември, во Собранието на РСМ требаше да се гласа за недоверба на актуелната влада, по иницијатива на опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица.

Откако пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи не се појави во собранието, почнаа шпекулациите, повиците за насилство и говорот на омраза од веќе познатите личности кои редовно го користат овој вокабулар.

Во изјава за медиумите доцна синоќа пред Собранието, лидерот на Левица, Димитар Апасиев рече дека потребно е опозицијата да ги радикализира методите.

„Ова е преседан кој ќе ни се врати од глава. Кога можете пратеник да киднапирате и да држите… Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата“, порача Апасиев.

Сопругата на Апасиев, Тамара Јованов, којашто е професорка на Економскиот факултет во Штип, вчера во текот на денот на својот Фејсбук профил објави статус со закана.

Скриншот од Фејсбук профилот на Тамара Јованов, 11.11.2021

„На сите што во устата ви е Левица, воглавно за лошо, едно само имам да ви кажам: уште не знаете со кого си имате работа! Ама ќе дознаете. Ич не ви се секирам“, истакна таа.

Уредниците на „Инфомакс“ и „Лидер“, Александар Митовски и Љупчо Златев, го повикуваа „народот да излезе на улица“ доколку ВМРО-ДПМНЕ, Левица, БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива не успеат да изгласаат недоверба на владата.

Митовски од „Инфомакс“, покрај тоа што во неговиот пост изнесува дезинформации дека пратеникот на Беса е киднапиран, меѓу другото пишува: „За вакво дупење во мозок на народот, треба да им се случи и улица“.

Скриншот од Фејсбук профилот на Александар Митовски, 11.11.2021

Уредникот на Лидер, Златев уште пред два дена ги повика граѓаните да излезат на улица доколку не падне  владата предводена од Зоран Заев.

Скриншот од Фејсбук профилот на Љупчо Златев, 11.11.2021

Ваквото поттикнување на насилство и омраза, како во овие примери на Апасиев, Златев и Митовски, е забележано и во пресрет на крвавиот 27 април 2017, кога екстремистичките групи насилно упаднаа во Собранието, тепаа и сериозно го загрозија животот на повеќе пратеници и новинари. Поттикнувачите на насилството се спасија од обвиненија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ