• Latest
Шарената револуција, 2016, фото: Александар Кондев

ЦИВИЛ одбележува пет години Шарена револуција со програма во живо и голем број медиумски содржини

April 12, 2021

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

ЦИВИЛ одбележува пет години Шарена револуција со програма во живо и голем број медиумски содржини

April 12, 2021 08:11
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Шарената револуција, 2016, фото: Александар Кондев

Шарената револуција, 2016, фото: Александар Кондев

Share on FacebookShare on Twitter

По повод јубилејот Пет години Шарена револуција, ЦИВИЛ организира програма во живо на 12 април, со почеток во 12 часот. Програмата ќе биде пренесувана на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ. Организацијата ќе покани истакнати активисти за човекови права, кои учествуваа во Шарената револуција, како и во низа други протести за демократија, правда, слобода и еднаквост во нашата земја.

Денот кога започна Шарената револуција, 12 април, ќе остане запаметен во македонската историја како симбол на борбата против режимот и диктатурата на една власт која никогаш повторно не смее да ни се случи. Борбата продолжува.

На овој ден, се сеќаваме и на сите други протести, граѓански иницијативи и движења со кои граѓанките и граѓаните на Северна Македонија го изразуваа својот протест против недемократските политики и практики на било која власт, во било кое време.

На денот кога одбележуваме пет години од почетокот на Шарената револуција, која започна на 12 април 2016 година, ЦИВИЛ потсетува дека општеството мора да остане будно и да се спротивстави на антидемократските тенденции и кампањи на кои, за жал, сведочиме до денешен ден.

Пораката на ЦИВИЛ по повод овој ден е:

Борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува.

Сеќавањата на Шарената револуција мора да продолжат да живеат како сведоштва за моќта на гласот на обесправените, моќта на граѓанките и граѓаните кои сите овие години не останаа неми, глуви и слепи на неправдите.

Со цел да ги одбележи сите граѓански протести за човекови права, слобода, правда и еднаквост, ЦИВИЛ во 2018 година започна Иницијатива за одбележување на 12 април како Ден на граѓанскиот пркос. Иницијативата е доставена и до Собранието на РСМ, но таа најмногу се однесува на граѓанките и граѓаните, без оглед на тоа дали овој датум ќе биде прифатен и признаен од политичарите и институциите.

Оваа иницијатива ја поддржаа голем број граѓанки и граѓани, како и претседателот Стево Пендаровски и повеќе пратенички и пратеници во претходниот состав на Собранието на Република Северна Македонија. ЦИВИЛ ќе го обнови предлогот за прогласување на 12 април за Ден на граѓанскиот пркос, со посебен настан пред Собранието.

Оваа година, соодветно на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, освен со програма во живо, ЦИВИЛ ќе го одбележи Денот на граѓанскиот пркос со серија текстови, фото и видео прилози на својата медиумска платформа која своевремено беше една од ретките што го пробиваше медиумскиот мрак наметнат од режимот.

Со оваа иницијатива, ЦИВИЛ им оддава длабока почит и признание на сите слободољубиви граѓанки и граѓани кои поминаа месеци и години на улиците низ целата земја, барајќи почитување на човековите права и слободи за сите.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ