• Latest

ЦИВИЛ предупредува на последиците од штрајкот на СОНК, Украина достави документација за членство во ЕУ, Путин стравува од државен удар

April 18, 2022

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЦИВИЛ предупредува на последиците од штрајкот на СОНК, Украина достави документација за членство во ЕУ, Путин стравува од државен удар

April 18, 2022 15:52
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Штрајк во образованието – СОНК ја одби понудата на Владата, родителите загрижени, а децата без континуитет во школувањето

Владата на Република Северна Македонија во преговорите со СОНК понуди зголемување за 10% на платите кои ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот. Тоа значи дека наставниците и воспитувачите би добиле просечно зголемување за 2.500 денари на нивните месечни примања. Воедно и методологијата со која Владата ќе обезбеди континуиран раст на платите, ќе обезбеди трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образование, соопштуваат од Владата.

„Со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата на Владата со која се отвора простор за трајно решавање и подобрување на стандардот на вработените во образованите, ризикот за продолжување на училишната година е особено извесен. Во овој контекст, несериозно е да се ставаат во ризик и да им се прави штета во личниот развој на децата кои треба да го продолжат образованието, да се запишат во средните училишта, да полагаат матура и да се запишат на факултетите во земјава и странство“, велат од Владата.

Реакцијата на Владата доаѓа откако СОНК вчера соопшти дека за штракјувачите не е прифатливо платата да им биде покачена за 10 отсто и дека за 95 отсто од членовите не е прифатлива понудата.

Дополнително претседателот на СОНК, Јаким Неделков, рече дека за учениците е планирана скратена наставна програма.

„Скратената наставна програма предвидува наставната содржина да се реализира во целост, во позбиена форма или со поголема динамика, истакна Неделков.

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил потсети дека на штета на учениците и образованието, СОНК продолжува со уцени по одбивањето на понудата за покачување на платите за 10%.

„И во вакви тешки услови на светска криза, ние сме веројатно единствената Влада која овозможи историско зголемување на платите и пензиите и силно финансиски ги поддржа граѓаните“, истакна Ковачевски.

„Министерството за образование и наука во неколку наврати изминатиот период апелираше до раководството на СОНК заеднички да ја продолжиме практиката на паралелно извршување на работните задачи и обврски на вработените во училиштата заради непречено одвивање на работата на образовните установи и на преговарање за решавање на прашања кои ги засегаат. Но, овој пат останува нејасно зошто синдикатот реши да оди во друга насока. СОНК не го прифати предлог за покачување на платите на наставниците во износ од 2500 денари, обезбедени во услови кога државата се соочуваа со здравствена и економска криза. Овој потег единствено може да се сфати како уцена која загрозува интересите на учениците, родителите и семејствата“, реагираа и од МОН.

„Државата треба да се труди, ние како народ да научиме. Во моментов со штрајкот ги учиме децата да не одат на школо. На крајот, од се тоа страдаат децата“, изјави професорот Методи Чепреганов во емисијата „Во центар“, пренесе Фронтлајн.

„Нашето образование и така е исуфициентно, а сега со штрајкот тоа дополнително се оптеретува. Ако на тоа се додадат и претходните години со пандемијата имаме проблем од кој страдаат децата“, додаде Чепреганов.

ЦИВИЛ за штрајкот во образованието: Децата мора да бидат на прво место!

ЦИВИЛ уште еднаш предупредува на штетните последици од штрајкот во образованието врз развојот на децата. Начинот на кој се спроведува штрајкот упатува на политички, односно партиски мотивирано дејствување кое социјалните права, барањата и потребите на наставниот кадар ги става во втор план. Уште посериозен е проблемот што штрајкот веќе до сега ги загрози правата на децата, на што предупреди и УНИЦЕФ, како и ЦИВИЛ во претходното соопштение (Да за повисоки плати, но не врз грбот на децата!).

Ставот на ЦИВИЛ, како и на многубројни семејства со кои организацијата стапи во контакт во текот на изминатите денови, останува ист:

Интересите на децата мора да бидат на прво место!

Воедно, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека од повеќе општини низ земјата дојдоа извештаи за непримерен притисок врз дел од наставниот кадар да се приклучи кон штрајкот. Според изјавите на наставниците кои се обратија во организацијата, мотивацијата за штрајкот, како и притисоците врз нив се политички мотивирани. Според нив, притисоците се вршат од позиција на одредена политичка партија и немаат врска со социјалните барања на наставниот кадар.

ДИСТРИКТ

Јовановиќ: Во тридецениската самостојност десницата никогаш ништо добро не ѝ донела на земјава

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Ненад Јовановиќ, новинар, аналитичар, полемичар, колумнист… Тој зборува за руската воена агресија и украинскиот слободарски отпор, за кај нас за власта и опозцијата, за десницата и левицата, изборите редовни и предвремени, граѓанизиацијата наспроти партизацијата како и за себе и за уште по нешто.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

„Украина го пополни прашалникот кој ќе биде појдовна точна на процесот на присоединување кон ЕУ“, изјави Игор Жовква, заменик-шефот на кабинетот на претседателот Владимир Зеленски. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му го предаде прашалникот на Зеленски за време на посетата на Киев на 8 април, ветувајќи напори за забрзување на членството на Украина во ЕУ по руската инвазија.

Рускиот претседател веќе е сериозно загрижен за можноста од државен удар и се обидува да се заштити, пишува Hyser.ua. Според Илја Нешодовски, директор на Институтот за социјално-економска трансформација, рускиот диктатор веќе ги зел како заложници семејствата на своите блиски пријатели. Луѓето се во посебни станови.

Техничкиот новинар на OSINT објави фотографија од запалениот руски крстосувач “Москва“ на Твитер откако украински ракети Нептун го погодија во Црното Море. Автентичноста на фотографијата се уште не е утврдена, пишува Delo.ua. Тој истакна дека забележал несовпаѓање меѓу датумот на фотографијата 15 април и датумот на потопувањето на 14 април.

Russian Black Sea Fleet Prj. 712 sea rescue tug Shakhter (SB-922) alongside the Moskva pic.twitter.com/9LIkERQxLY

— OSINTtechnical (@Osinttechnical) April 18, 2022

Најмалку шест лица загинаа, а уште осум, меѓу кои и едно дете, беа повредени во ракетните напади на Лвов, изјави на Телеграм шефот на регионалната воена администрација Максим Козицки.

„Правиме се за да обезбедиме одбрана. Во постојан контакт сме со партнерите. Благодарни сме на оние кои навистина помагаат со сè што можат. Но, оние кои го имаат оружјето и муницијата што ни се потребни и го одложуваат нивното обезбедување, мора да знаат дека судбината на оваа битка зависи и од нив. Судбината на луѓето кои можат да се спасат“, рече претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето најново видео обраќање, по повод 53-от ден од руската агресија врз Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека градот Мариупол „повеќе не постои“ откако беше под опсада на руските сили цели седум недели, пренесува МИА. Тој во интервју за Си-Би-Ес рече дека руските војници „одлучиле да го израмнат градот до земја по секоја цена“.

Официјални лица проценуваат дека околу 21.000 се убиени од руските војници во Мариупол, а 120.000 луѓе се уште се во градот. Пред војната, населението на градот изнесуваше 450.000.

Пријателот на Владимир Путин, Виктор Медведчук, кој претходно беше уапсен од СБУ додека се обидуваше да побегне од земјата, им се обрати на украинскиот и рускиот претседател со предлог да го разменат за бранителите и жителите на Мариупол, објави SBU преку Telegram, пренесува Укринформ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АЛГОРИТАМ ЦИВИЛ Медиа разговараше со Павлина Бучевска, професорка по информатика во ПСУ Алгоритам за можностите кои ги пружа училиштето на младите луѓе.

ИЗБОРИ Во општина Центар Жупа на повторените избори за градоначалник не е обезбеден потребниот цензус што значи дека не е избран градоначалник. Според првичните резултати добиени по електронски пат од општинската изборна комисија Центар Жупа, Државната изборна комисија соопшти дека од 7077 избирачи, на гласање излегле 2120, односно 29.96 отсто. Вкупно 2052 гласачки ливчиња се важечки, додека 68 се неважечки.

КРИМИНАЛ Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Подгорица. Меденица беше уапсена синоќа околу 22 часот на аеродромот во Голубовци од каде требало да полета за Белград. Специјалното обвинителство ја сомничи за две кривични дела, создавање на криминална организација и противзаконско влијание.

ЗАКАНА Поранешен полициски службеник се закани дека ќе го убие министерот Спасовски, ОЈО поведе постапка

ЕДИТОРИЈАЛ

Кога мнозинството молчи, насилниците дивеат… И победуваат!

Од Џабир Дерала

ТИВКОТО МНОЗИНСТВО

Кога мнозинството молчи, насилниците дивеат… И победуваат! На ордата неписмени мразачи на социјалните мрежи индиректно им помага и тивкото мнозинство на, повеќе или помалку, „пристојни“ луѓе кои не сакаат да се „експонираат“. Навистина, повеќето луѓе не сакаат да се конфронтираат. Тие сакаат своето мислење да го чуваат за себе, за да го зачуваат мирот во сопствениот меур.

ОПШТЕСТВОТО ИМ ПРИПАЃА НА СИТЕ

Тоа е погрешно, бидејќи на тој начин им ја препуштаат јавноста на неписмените и насилниците. Исто како што е погрешно да не се гласа, а со тоа правото на капитални одлуки во општеството да им го препуштат на партиските војски. Право на секој поединец е да биде пасивен и да се затвори во сопствениот меур.

Но важно е секој да знае дека последицата од пасивноста значи зелено светло за непречено дејствување на најмрачните структури во општеството. Важно е да се сфати дека граѓанското учество не е работа, дека општеството им припаѓа на сите, така што грижата за вредностите е како грижа за домаќинството.

МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ

Атанасовски: Мора да имаме меѓуетничка толеранција, а говорот на етничка омраза да замине во историјата

„Македонија како мултиетничка држава после 30 години независност мора на пиедесталот на своите општествени односи да ги издигне и да ги испочитува етничките првила на поведение и живеење. Мора да имаме меѓуетничка толеранција, мора говорот на меѓуетничка омраза да замине во историјата, и Македонија да стане вистинско граѓанско мултиетничко и мултикултурно општество каде што јазичните, културите, родовите права ќе бидат издигнати на пиедесталот за Македонија да стане конечно еманципирано општество кое со трендовите во 21 век ќе зачекори напред, бидејќи Македонија декларативно и суштински и формално правно сака да стане полноправен член на семејството на европските народи, вели политикологот Благојче Атанасовски за ЦИВИЛ Медиа.

Атанасовски: Мора да имаме меѓуетничка толеранција, а говорот на етничка омраза да замине во историјата

СЛОБОДНА ЗОНА

„Системот“ мора да произведува проверени и навремени вести, бидејќи не е во интерес на самата јавност актуелните теми да се тривијализираат, да се банализираат, да се сведуваат на озборувања и конфронтации, кои „за пет минути“ се претвораат во политички и лични пресметки“, пишува Сашо Орданоски во саботното „Добро утро со Орданоски“ на тема „Ви се чини забавно? Додека вие не станете предмет на забавата…“

Оваа утро во „Добро утро со Орданоски“ се постави прашањето: „Што ќе им е на Ковачевски и Петков „Ванчо Михајлов“ во Битола?!“

„Можеби треба да се очекува Бугарија да побара и во „механизмот“ на историската комисија која се обидува да ги усогласи позициите меѓу двете страни во разговорите да се постави прашањето и за Ванчо Михајлов?! Со согласноста за отворање на центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола Македонската влада не е поблиску до наоѓањето компромис за укинување на бугарското вето за ЕУ, туку ги слабее и онака проблематичните позиции по прашањето за Македонија и ЕУ на Петков во Бугарија“, пишува Сашо Орданоски

„Кај нас единственото споменување на Србија е во контекст на проектот “Отворен Балкан”, за кој медиумски, но и политички има чуден, но апсолутен молк за неговите аспекти и потреба, ние да бидеме дел од прилично тесно избрано друштво. Од една страна власта (македонскиот) дел, изнасилено го фаворизира; а од друга страна опозицијата (ВМРО) кои имаат став за сè, за ова се особено тивки; а особено е тивка албанската политичка сцена во комплет, и позиција и опозиција. Со други зборови, „љубовта“ кон Србија и особено кон „режимската власт“ е обединета“, пишува Никица Корубин во „Србофилијата на испит, што доколку Србија се сврти кон ЕУ?“

„Утрово слушам предлози за нови стратегии во економијата и земјоделството. Старите стратегии веќе не важеле. Милијарда и седумстотини милиони евра во субвенции за земјоделците биле погрешна стратегија. Ќе се менувала стратегијата, оваа не давала добри резултати. За толку пари можевме да ја одмориме почвата од нашиот третман за производство на храна. Стратегија на развојна економија била нужна. Господа стратези и вие знаете дека од сува дреновина не излегува никаква течност“, пишува Војо Маневски во колумната „Стратегија“.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ