„Слобода, правда, еднаквост“ е слоганот на ЦИВИЛ во месецот на активизам за човекови права, за чие иницирање и спроведување организацијата донесе конечна одлука и детализиран план доцна попладнево.
ЦИВИЛ ФЕСТ секако е најголемиот мултимедијален настан во оваа 30-дневна акција, поврзан со одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права и 70-годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права. Фестивалот ќе се одржи на 10 и 11 декември. Организацискиот тим најави дека ќе соопшти детали за оваа иницијатива на прес конференција в понеделник, 3 декември.
За прв пат, Месецот на активизам за човекови права се одржа во декември 2010 година во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Џ.Д.