Финален извештај, анализи и препораки што произлегуваат од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ ќе се презентираат на јавниот настан „Локални избори 2021: Научени лекции“ што ќе се одржи на 23 декември, во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион), со почеток во 12 часот.
ЦИВИЛ спроведе сеопфатен долгорочен мониторинг на процесот на спроведување на локалните избори 2021 година, за кој ја информираше јавноста преку медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА, на јавни настани и со бројни видео прилози во живо.
Стотици извештаи од теренот, пријави од граѓанките и граѓаните, анализи од експертскиот тим и препораки од тимовите на ЦИВИЛ се сублимирани во конечниот извештај на организацијата што ќе се презентира на јавниот настан.
На јавниот настан се поканети претставнички и претставници на политичките партии, институциите, граѓанските организации, меѓународната заедница и медиумите.
По презентацијата на Извештајот, според програмата, предвиден е и отворен микрофон за триминутно обраќање од присутните.
Настанот ќе трае 120 минути и се организира според протоколите за заштита од КОВИД-19.