Точно на пладне тимот на ЦИВИЛ во центарот на Скопје ги информираше граѓанките и граѓаните за проектните активности на организацијата.
Сите заинтересирани имаа можност да се запознаат со проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, но и да се информираат за промоцијата на трите книги во издание на ЦИВИЛ што ќе се одржи вечерва во Сити Хол(до МКЦ) со почеток во 20:30.
Меѓудругото ЦИВИЛ ги запозна заинтересираните граѓанки и граѓани и со проектот „Акција-Интеграција“ намененет за поддршка на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија.
Б.Ј.