Тимот на ЦИВИЛ денеска ќе одржи креативна работилница заедно со учениците од основните и средните училишта во Гимназијата „Гоце Делчев“, Куманово, со почеток во 11:30 часот.
Околу 20 деца од повеќе средни и основни училишта во Куманово на работилницата заеднички ќе сликаат на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање. Работилницата ќе ја водат членовите на работната група за превенција од насилен екстремизам заедно со тимот на ЦИВИЛ.
По завршување на работилницата, тимот на ЦИВИЛ ќе биде на располагање за изјави за медиумите поврзани со проектните активности во рамки на проектот „Зедниците против насилниот екстремизам“, но и за други прашања и информации поврзани со активностите на ЦИВИЛ во овој период: изборен мониторинг, граѓанско новинарство, човекови права и слободи, зелени вредности, социјална правда, антинационализам….
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.