Тимот на ЦИВИЛ денеска е во посета на Битола, Могила и Прилеп, каде преку инфо-штанд и директна комуникација со граѓанките и граѓаните ќе се споделат мислења, ставови и пораки за референдумот на 30 септември.
Своите пораки ќе можат да ги споделат јавно, напишани на флипчарт или анонимно во кутија. ЦИВИЛ секогаш на прво место ги вреднува и ги цени ставот, размислувањата и потребите на граѓанките и граѓаните. Независно од нивната определба во референдумскиот процес, тие ќе имаат можност во комуникација со тимот на ЦИВИЛ да споделат информации и за заштитата на правото на глас.
Активностите се дел од проектот „Гласам, значи постојам“ кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.