• Latest

ЦИВИЛ зад димната завеса: Дезинформации и пропаганда – трендови, теми, креатори и дистрибутери

April 14, 2022

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ зад димната завеса: Дезинформации и пропаганда – трендови, теми, креатори и дистрибутери

April 14, 2022 13:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е панел дискусија и презентација  на ЦИВИЛ под наслов  „Зад димната завеса“.

„Зад димната завеса“ е проект за медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата што го имплементира ЦИВИЛ – Центар за слобода. Проектот се фокусира на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.

Учествува дел од тимот на ЦИВИЛ за мониторинг и анализи на дезинформациите и пропагандата во нашата земја и пошироко, во контекст на војната во Украина и други критични теми. Тие ќе дискутираат и ќе ги презентираат своите наоди за трендовите, темите, креаторите и дистрибутерите на дезинформациите и пропагандата. Настанот се емитува во живо, на Фејсбук и Јутуб.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не се предава и води војна против Русија. Да се предадеше и да ѝ дозволеше на руската армија да навлезе во Украина и да ја окупира, да организираше цветни дефилеа и шпалири од луѓе кои фрлаат со цвеќиња по колоните руски тенкови и оклопни возила, како што тоа го планираше Путин, немаше да има толку цивилни жртви.

Вака некако изгледа дел од пропагандната димна завеса која се подига во јавноста, како во Северна Македонија, така и насекаде низ светот.

Добредојдовте зад димната завеса. Цивил ги растерува облаците од дезинформации и пропаганда и ви ги претставува фактите на реалноста, таква каква што е, колку што е можно во овие тешки конфликтни времиња во кои вистината е првата жртва на боиштата на политички и воен план, вели во воведот на настанот, Џабир Дерала од ЦИВИЛ, кој е модератор на панелот.

Во јавноста, како кај нас, така и насекаде, главна тема е руската агресија врз Украина, а со тоа и дезинформациите и пропагандата на оваа тема се најинтензивни.

Кои се главните дезинформации и пропагандни пораки на кои сведочиме во текот на изминатите години, а особено во текот на изминатите месеци непосредно пред и по почетокот на бруталната војна во Украина? Да наброиме само 10 од многуте дезинформации и пропагандни пораки со кои се манипулираат руската и светската јавност.

  1. Русија не ја нападна Украина туку спроведува специјална операција за денацификација на Украина
  2. Русија се обидува да спречи геноцид во Донбас
  3. Русија откри погони за американско биолошко оружје во Украина
  4. Украина ја нападна Русија
  5. Мртвите тела во Буча се измислица, британските служби ја врамуваат Русија, Украинците самите се убивале меѓу себе
  6. Русија сака мир, но Украина не го сака тоа
  7. Украина постапува онака како што ќе кажат САД, ЕУ, НАТО…
  8. Украина е измислена држава, не постои Украина, украинска нација и украински јазик
  9. Володимир Зеленски е нацист и не е легитимен лидер на Украина
  10. Зеленски е виновен што има цивилни жртви, затоа што не дозволи земјата да се предаде

Фактите се:

Русија ја нападна Украина со цел да ја окупира. Притоа, треба цело време да се има предвид дека војната започна во 2014 година со окупацијата на полуостровот Крим и областите Донецк и Луганск. За време на нападот и окупацијата на делови од Украина од 2014 година до почетокот на целосната инвазија на 24 февруари годинава, загинаа близу 14.000 луѓе. Русија го помогна формирањето и ги вооружи паравоените формации во областа Донецк, каде што најбројна е Руската православна армија. Не може да се говори за геноцид во Донецк, бидејќи тоа е целосно апсурдно тврдење. Напротив, постојат докази за малтретирање и убиства на цивили од руските окупациони сили и руските паравоени формации во текот на целиот 8-годишен период.

Тврдењата за нацификација на Украина се манипулативни. Во Украина, како и во многу други земји во Европа, па и во светот, вклучително и во Русија, има неонацистички групи, а некои се организирани и во политички партии. Во Украина неонацистите се малубројни и немаат никакво влијание и немаат свој претставник во парламентот.

Володимир Зеленски по потекло е Евреин, а дел од неговите предци настрадале во Холокаустот. Тој не може да биде неонацист, дури и да сака.

Власта во Украина, Зеленски ја освои со 72,23% од гласовите на слободни и демократски избори во 2019 година. Една од неговите програмски определби беше и мирно решавање на конфликтот со Русија. Тој од првиот ден во својот кабинет се залага за мировни решенија и дијалог со Путин.

Додека целиот свет, медиумите и организациите за човекови права како Амнести Интернешнл и Хјуман Рајтс Воч, ОБСЕ и низа други сведочат за ужасните страдања на цивилното население од руската војска која убива и деца, систематски силува жени, девојчиња, а во еден случај и силување на бебе, што самиот руски војник сторител на злоделото го снимил и го покажувал наоколу – руската пропаганда зборува за наместени сцени или дека Украинците самите убивале цивили.

Наспроти сите дезинформации и пропагандни пораки постојат факти и докази кои во целост ги побиваат.

Дехран Муратов од ЦИВИЛ во своето излагање се осврна на дезинформации и релативизирање на масакрот на цивили во Буча од руските агресори.

„Македонските поддржувачи на Путин и оправдувачите на руската агресија, војната и масакрот на цивили, меѓу кои жени и деца во Украина, продолжуваат со засилено темпо да шират руска пропаганда и дезинформации и покрај најавите на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи дека интензивно ќе ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и дека согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело.

По предупредувачкото соопштение на ЈО и МВР на Твитер, се јави еден од поддржувачите на партијата Левица, твитер профилот Чиз, кој шири дезинформации дека масакрот во Буча не го извршиле руските војници, и дека тоа всушност се „лажни вести“. Стотиците мртви и маскарирани тела на Украинки и Украинци, жени и деца, кои ги виде и се згрози цела светска јавност, за овој лик (кој е со лажно име) се само обични „лажни вести“ како болницата во Мариупол. Всушност, бремената Украинка чија евакуација од бомбардираната гинекологија во Мариупол беше овековечено од фото репортери на фронтот роди здраво девојче. Маријана Подгурскаја го преживеа руското бомбардирање на детската болница во Мариупол, а ги преживеа и нападите од руската пропаганда која преку амбасадата на Русија во Лондон тврдеше дека Подгурскаја е актерка и не е повредена, односно имаше неуспеша руска пропаганда да го убеди светот дека не гранатираа болница со бремени жени во Украина“, вели Муратов.

Тој се осврна и на токсичните лаги на „путинистите“ за масакрот во Буча.

„На порталот Слободен свет, freeglobe.mk, (кој нема импресум), е објавен пропаганден текст со наслов: Откриен фејк за злосторот во Буча: „Силуваната и убиена девојка“ која ги преплави медиумите, жива здрава прави селфи на социјалните медиуми!

Неименуваниот автор кој „го разобличил фејкот“ пишува дека всушност е лага дека руските војници силуваа и убиле девојката во Буча, и дека сето тоа е „адут на киевската пропагандна машинерија за да креираат вина на руските војници во тој град“. Авторот на текстот додава дека „девојката сама се фотографирала изведувајќи перформанс за странците да разберат каква е ситуацијата сега во Украина“.

Оваа лажна вест е споделена на Фејсбук страницата „ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ И ТРУЕЊЕ НА НАРОДОТ“, а администратор на оваа Фејсбук страна е лидерот на партијата „Родина Македонија“, Владимир Трајковски“, вели Муратов.

Дијана Тахири од ЦИВИЛ изнесе неколку факти за руската пропаганда во однос на нивната агресија врз Украина.

Светот е сведок за се повеќе докази за ужасните дејствија на руските сили во градовите како Ирпин и Буча (Украина),  што се гледаат на објавените  фотографии и снимки од трупови на улиците, на кои јасно се забележуваат ужасни глетки од убиени цивили со врзани раце зад грб и со бели ленти на рацете за да се означат како цивили. Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, на 2 април изјави дека околу 300 локални цивили биле застрелани за време кога градот бил окупиран од руските сили, бројот од ден на ден се повеќе расте.

Во меѓувреме, Руските власти негираат дека биле убиени цивили во Буча. Руското Министерство за одбрана тврди дека ужасните сцени во Буча биле лажирани од украинските сили како „провокација“.

Тахири се осврна и на медиумската цензура од страна на Роскомнадзор врз медиумите во Русија, како и законот кој рускиот претседател Путин го потпиша, а се однесува на високи казни од 10 до 15 години за објавување „дезинформации“ за тоа што Русија го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.

Драган Мишев од ЦИВИЛ се осврна на разработената тактика што Москва ја користи со години, со дезинформации да ја искривува вистината, што поддржувачите на Путин низ светот, вклучително и во Северна Македонија ја прифатија и понатаму ја шират по медиумите.

Меѓу првите „докази“ што ги лиферуваа проруските медиуми, е „обработеното“ видео од украински аматерски снимки кои првично беа објавени на социјалните мрежи и од украинските официјални лица, на кое се прикажува како во ретровизорот од автомобил во двишење се гледа како безживотно тело одеднаш ја движи раката.

Ова видео „Сделано в России“ го објави и македонскиот портал „Think.mk“, под наслов „ЖРТВИТЕ ОЖИВУВААТ КОГА ЌЕ ПОМИНЕ КАМЕРАТА?“- ВИДЕО: ДОКАЗ ДЕКА МАСАКРОТ ВО БУЧА Е ИСЦЕНИРАН? – УМРЕНИТЕ ОЖИВУВААТ ОТКАКО ЌЕ ПОМНЕ КАМЕРАТА?.

Порталот инаку нема импресум, и не може да му се најде уредувачката структура. Видеото, и уште многу слични на него, дела на руската пропаганда, беше објавено на нивната веб страна и на Фејсбук профилот на, како што самите се нарекуваат „News & media website“, Друштво за размислување и разонода Think.mk – место каде можете да најдете приказна која ќе ја пополни празнината во Вашето секојдневие!

Каква разонода пронајдоа во објавување на снимки од убиени цивили и безживотни тела кои лежат по улици, знае само уредувачкиот тим на порталот, кој секако не може да се најде на страната.

Но „Дојче веле“ изнесува докази кои го побиваат ова тврдење изнесено во руското видео, а пренесено од порталот „Think.mk“. Дојче веле го замоли дигиталниот форензичар Дирк Лабуде, професор на Високата школа Митвајда, за подлабинска анализа на видеоматеријалот

Според ДВ, при проверката на факти е востановено дека во прикажаното видео нема ниту едно мртво тело што ја крева раката. Анализата на снимката која ја изврши ДВ покажува дека станува збор за капка дожд на предниот дел од возилото од кое се снима. Оваа капка, која се движи нагоре поради ветрот предизвикан од движењето на возилото, создава впечаток на движење. Друга верзија на снимката со подобра резолуција недвосмислено покажува дека станува збор за капка вода, а не за движење на рака.

И Њујорк Тајмс објави сателитски снимки од Буча, од времето кога градот беше под руска окупација, на кои се гледаат тела како лежат по улиците, што докажува дека цивилите биле убиени уште за време на окупацијата од страна на руските војници.

Биљана Јордановска од ЦИВИЛ презентира повеќе примери како на социјалните мрежи се шират дезинформации, лажни вести и говор на омраза, како и примери на руска пропаганда во контекст на војната во Украина.

Јордановска потсети дека дел од профилите што се инволвирани во ширење на руската пропагада или релативизирање на војната во Украина и оправдување на руските дејствија на терен, се истите што ЦИВИЛ ги детектираше уште во 2019/2020 кога во контекст на мониторингот на изборните процеси направи листа на профили и страници  од социјалните мреи што беа влезени во „црна кампања“ со ширење на говор на омраза, дезинформации и лажни вести. Истите тие продолжија, како што изјави Јордановска, со негирање на постоењето на Ковид-19, беа против вакцинирањето, се занимаваа со 5Г технологијата и нејзината „штетност“ итн.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ