• Latest
Фото: REUTERS/Владислав Мусијенко

Дезинформации и релативизирање на масакрот на цивили во Буча од руските агресори

April 12, 2022

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформации и релативизирање на масакрот на цивили во Буча од руските агресори

April 12, 2022 11:40
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: REUTERS/Владислав Мусијенко

Фото: REUTERS/Владислав Мусијенко

Share on FacebookShare on Twitter

Македонските поддржувачи на Путин и оправдувачите на руската агресија, војната и масакрот на цивили, меѓу кои жени и деца во Украина, продолжуваат со засилено темпо да шират руска пропаганда и дезинформации и покрај најавите на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи дека интензивно ќе ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и дека согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело.

„Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик“, соопшти МВР и ЈО по повод изјавите и коментарите на социјални мрежи по случувањата во Буча, Украина, каде беа убиени стотици цивили од страна на руската војска.

„Имено, законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години“, нагласија од ЈО и МВР.

По предупредувачкото соопштение на ЈО и МВР на Твитер, се јави еден од поддржувачите на партијата Левица, твитер профилот Чиз, кој шири дезинформации дека масакрот во Буча не го извршиле руските војници, и дека тоа всушност се „лажни вести“. Стотиците мртви и маскарирани тела на Украинки и Украинци, жени и деца, кои ги виде и се згрози цела светска јавност, за овој лик (кој е со лажно име) се само обични „лажни вести“ како болницата во Мариупол. Всушност, бремената Украинка чија евакуација од бомбардираната гинекологија во Мариупол беше овековечено од фото репортери на фронтот роди здраво девојче. Маријана Подгурскаја го преживеа руското бомбардирање на детската болница во Мариупол, а ги преживеа и нападите од руската пропаганда која преку амбасадата на Русија во Лондон тврдеше дека Подгурскаја е актерка и не е повредена, односно имаше неуспеша руска пропаганда да го убеди светот дека не гранатираа болница со бремени жени во Украина.

Исто така еден од честите ширачи на лажни вести, говор на омраза и дезинформации е и активистот и поддржувач на Левица, твитер налогот Капетански Дневник, по најавата на ЈО и МВР дека секој што јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства, ќе се казни со затвор од една до пет години, иронично пишува „А смееме да мафтаме со знамиња на НАТО“…

Но, покрај ваквите јасни поддржувачи на руската агресија и оправдувачи на масакрот, има и такви кои ја релативизираат војната во Украина. Извесна „Црвенкапа“ на Твитер „потсетува“ на пожарот во Тетовската ковид болница и дека никој не одговарал за тоа. На ваквиот коментар твитер налогот „Антагонист“ и коментира дека не треба да релативизира, бидејќи Тетово беше несреќен случај, а Буча е свесно убиство.

Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население. ЈО и МВР со апел до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на мејлот cybercrime@moi.gov.mk за соодветно постапување“.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ