Бремената Украинка чија евакуација од бомбардираната гинекологија во Мариупол беше овековечено од фото репортери на фронтот. Маријана Подгурскаја го преживеа руското бомбардирање на детската болница во Мариупол, а ги преживеа и нападите од руската пропаганда која преку амбасадата на Русија во Лондон тврдеше дека Подгурскаја е актерка и не е повредена.
На фотографиите по бомбардирањето, се гледаше и повреденото лице на Маријана. Два дена по бомбардирањето, Украинката се породи во друга болница во опколениот град на Азовско Море. Роди здраво девојче.
Русите пак негираа дека гранатирале детска клиника туку тврдеа дека нема повредени жени и деца, а во објектот биле засолнети украински борци.
Лицето на Маријана која е инстаграм блогер за убавина и здрава храна беше искористено како потврда на руската пропаганда дека спротивната украинска пропаганда шири лажни информации за последиците од нападот врз објектот.
Покрај рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, најдалеку отиде руската амбасада во Лондон која тврдеше дека Маријана е модел-актер и глуми повредена бремена жена.
Два дена подоцна, Маријана Подгурскаја ги демантираше наводите на руските дипломати со тоа што роди здраво женско дете откако извлече жива глава од разурнатата болница.