• Latest

Токсичните лаги на „путинистите“ за масакрот во Буча

April 12, 2022

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Токсичните лаги на „путинистите“ за масакрот во Буча

April 12, 2022 21:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И во нашата држава, руската машинерија за ширење лажни вести и дезинформации работи со полна пареа. На порталот Слободен свет, freeglobe.mk, (кој нема импресум), е објавен пропаганден текст со наслов: Откриен фејк за злосторот во Буча: „Силуваната и убиена девојка“ која ги преплави медиумите, жива здрава прави селфи на социјалните медиуми!

Неименуваниот автор кој „го разобличил фејкот“ пишува дека всушност е лага дека руските војници силуваа и убиле девојката во Буча, и дека сето тоа е „адут на киевската пропагандна машинерија за да креираат вина на руските војници во тој град“.

Авторот на текстот додава дека „девојката сама се фотографирала изведувајќи перформанс за странците да разберат каква е ситуацијата сега во Украина“.

Оваа лажна вест е споделена на Фејсбук страницата „ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ И ТРУЕЊЕ НА НАРОДОТ“, а администратор на оваа Фејсбук страна е лидерот на партијата „Родина Македонија“, Владимир Трајковски.

Оваа руска пропаганда започна да се шири откако Лидија Гужва (Lidia Guzhva) на својот фејсбук профил ја сподели Фејсбук објавата на Настиа Савчиушун (Nastia Savchyshyn) која напиша:

„Здраво Свете. Моето име е Настија. Јас сум Украинка.
Мојата фотографија е лево.
Фотографијата десно можев да бидам јас.
Можеше да биде било кој од нас.
Силувани и убиени од Русите само затоа што биле Украинци“.
#BuchaMassacre #GENOCIDEINUKRAINE

Украинката Настја на својот Фејсбук профил објави дека оваа нејзина фотографија е злоупотребена од руската пропаганда дека во Буча се лажира смртта на цивилите.

Првичната објава на Лидија Гужва, при споделување на објавата на Настја, е дека всушност таа е убиената девојка на фотографијата.

„Вчера ја реобјавив веста за „убиената девојка во Буча”. Ја зедов објава од страна на пријатели. Кога видов фотографија на една девојка на нејзината страница, бев сигурена дека таа е мртва, и не сакав да ја скролам нејзината страница, истражувајќи го нејзиниот живот и зголемувајќи ја мојата болка. Толку многу пријатели и познаници починаа неодамна. Тоа беше грешка. Ако ја истражував ФБ страницата, ќе ја видев дека оригиналната објава која звучеше вака:

Здраво Свете. Моето име е Настија. Јас сум Украинка. Мојата фотографија е лево. Фотографијата десно можев да бидам јас. Можеше да биде било кој од нас. Силувани и убиени од русите само затоа што биле Украинци. #BuchaMassacre #GENOCIDEINUKRAINE

Настја никогаш не тврдеше дека таа е на фотографијата каде што е убиена. Таа напиша дека ОВА МОЖЕШЕ ДА БИДЕ таа.

„За жал, некој успеа да направи скриншот со текстот каде што по грешка тврдев дека Настја е мртва, и го остави овој скриншот да се шири низ мрежата“ – напиша Гужва.

Подоцна, самата Настја се обрати до мене и ме замоли да го симнам постот, со нејзиниот текст, кој го направив. Тогаш не разбрав зошто го бара тоа – само го исполнив барањето.

Пишав за нејзината смрт по грешка и ја исправив во рок од еден час од објавата. Стотици цивили загинаа во Буча. Грешки во алармирањето на нечија смрт сепак ќе се случуваат, како и во големи катастрофи.

Со ова не се откажува фактот за геноцидот врз украинското население во Буча, Гостомел, Бородианти, бројни околни села и во сè уште окупираните територии на Украина.

Ја репродуцирав веста што кружеше низ мрежата без да проверам факти. Казната за ова е срамот што го чувствувам затоа што мојата негрижа ја користат руските тролови во моментов, сеејќи сомнеж за реалноста на руските воени злосторства во Украина“, пишува меѓудругото Гизхва.

Ако се следат хаштаготовите #BuchaMassacre и #GENOCIDEINUKRAINE ќе се види дека има и други девојки како, на пример, Викториа Кавалчук која објави фотографија на некој/а убиен/а цивил/ка во Буча со коментар „ова можев да бидам јас“ со цел на светот да се прикаже злосторството во Украина и да запре војната, за да нема повеќе жртви.

Иако нема импресум за да се види кои се „новинарите“ кои пишуваат во „Слободен свет“, лесно може да се детектира дека зад овој портал кој шири руска пропаганда, дезинформации и лаги, стојат членови, симпатизери или поддржувачи на партијата Родина која е отворен поддржувач на Путин и ја оправдуваат руската агресија во Украина.

Политичката партија „Родина Македонија“, на 12 март 2022, организираа собир за поддршка на Русија пред руската амбасадата во Скопје.

Руската пропаганда колку и да се труди да шири дезинформации и обите да ја „отруе“ вистината, сепак кратко е влијанието, бидејќи „противотровот“ е многу посилен и брзо се разобличуваат токсичните лаги.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ