Гардијан, објави податоци од Светската здравствена организација и направи листа на најзагадените градови во светот. Во листата на десетте најзагадени градови во Европа без Турција, Македонија е застапена со дури три градови!
Тетово го има најопасното загадување на воздухот со ПМ2,5 честички во Европа, со 81 микрограм на кубен метар годишно, според податоците на СЗО, Скопје е на третото, а Битола на деветтото место на црната листа.
Во текстот се наведува дека милијарди луѓе ширум светот се изложени на опасен воздух, но степенот на загаденост варира и најзагадените градови се наоѓаат во Азија и Африка.