• Latest

Тупанчески: Со новиот Граѓански законик ќе се реализира најголемата реформа во сферата на граѓанското право

July 8, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Тупанчески: Со новиот Граѓански законик ќе се реализира најголемата реформа во сферата на граѓанското право

July 8, 2022 12:56
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на првата констититутивна седница за нов Граѓански законик. Со ова, продолжува да се реализира најголемата реформа во сферата на граѓанското право, а и во правото воопшто.

Со изработката на Граѓанскиот законик се очекува целокупната материја од сферата на граѓанското право да биде уредена во еден законски текст на сеопфатен и систематизиран начин, со што ќе се добие нов квалитет во регулирањето на граѓанскоправните односи и ќе се надминат правните празнини, застарените законски решенија и противречности кои што постојат во законите кои што ја регулираат оваа материја. Овој закон ќе обезбеди поголема правна сигурност и полесно остварување на правата на граѓаните.

Граѓанскиот закон ќе биде составен од пет дела: Општ дел на Граѓанскиот закон, дел за стварноправните односи, дел за облигационите односи, четвртиот дел ќе биде посветен  на наследноправните односи и петтиот дел на семејноправните односи. Со изработката на Граѓанскиот закон, чија прва верзија треба да биде готова за две години, Република Северна Македонија ќе се приклучи на најголемиот број европски земји кои имаат Граѓански закони.

Во оваа смисла, Граѓански закони имаат најзначајните европски земји, како Германија, Франција, Италија, Шпанија, земјите од Источна Европа-Полска, Чешка, Унгарија, Романија, како и земјите во нашиот регион-Грција и Албанија, а во Србија и во Косово веќе се изготвени граѓанските закони кои треба да бидат усвоени од Парламентите на овие соседни држави”рече во своето обраќање пред членовите на комисијата Тупанчески.

Во рамките на проектот за изработка на Граѓанскиот закон, членовите на Комисијата ќе ги имаат предвид сите современи Граѓански закони, како и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, најзначајните меѓународни документи. По изработката на нацрт верзијата на Граѓанскиот закон ќе биде организирана сеопфатна јавна расправа, во која ќе учествува  научната, стручната и пошироката јавност кои треба да  дадат предлози за што поквалитетно уредување на граѓанскоправните односи опфатени со Граѓанскиот закон.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ