• Latest

Туск: Полска ќе се вклучи во ПВО системот „Европски небесен штит“

April 16, 2024
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Туск: Полска ќе се вклучи во ПВО системот „Европски небесен штит“

April 16, 2024 17:51
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Полска мора да се приклучи на странските системи за противвоздушна одбрана, вклучувајќи го и проектот „Европски небесен штит“ на Германија, Велика Британија и Данска, кој ќе и помогне на Полска, со системите што ги добива од САД или ги развива сама, да го заштити небото со „железна купола“ каква што има Израел.

„Полска мора да биде дел од неколку системи кои би направиле железна купола на полското небо. Ќе соработуваме во рамките на иницијативата ‘Европски небесен штит’. Не ми пречи што главните иницијатори се Германците. Овде се и израелски компоненти. Ќе соработуваме со Британците, ќе го развиваме системот Пилица-Нарев-Висла. Се разбира, соработката со САД останува клучна“, изјави Туск по денешната владина седница, пренесува МИА.

Дел од седницата се одржа зад затворени врати, а присуствуваа началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Вјеслав Кукула и шефот на Бирото за национална безбедност, Јацек Шевјера, поради зголемените тензии и заканата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток, каде што во Либан и Ирак во мировни мисии се и полски војници, по неодамнешниот напад на Иран врз Израел.

„Ги прашав генералите и Шевјера како ја оценуваат одлуката да се приклучат на ‘Европскиот небесен штит’ и ми одговорија дека е штета што тоа не е направено порано и дека дефинитивно треба да се направи ако тоа биде додаток на нашиот воздушен одбранбен систем, а не алтернатива за нив“, рече Туск.

Тој предупреди дека благодарение на „железната купола“ и другите системи со неа, Израел успеал да собори над 90 отсто од ракетите од Иран, додека, на пример, Украина во слични големи напади од Русија успеала да собори само 30 отсто од проектилите и беспилотните летала.

Tags: Доналд Тускевропски небесен штитпво систем
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ