Твитер го принуди Јанко Илковски, водител и уредник на емисијата „Јади Бурек“ да ја избрише лажната вест која ја споделил на својот Твитер профил за наводна двојазичност на фискалните сметки (билет) за паркинг.
Оваа лажна вест на Илковски за наводна двојазичност на фискалните сметки, брзо беше дебанкирана од Твитер заедницата.
Откако беше разоткриен дека шири дезинформации Илковски објавил дека ја избришал фотографијата за да не биде баниран од Твитер.
Ви пренесуваме дел од коментарите на Твитер дека банирањето на лажна вест не е цензура!
Граѓан(к)ите треба да бидат повеќе внимателни и да ги проверуваат информациите кои им се сервираат, бидејќи ваквите тенденциозни објави може да доведат до меѓуетнички тензии, особено ако се земе во предвид дека оваа лажна вест е објавена на одбележувањето на 21 годишнината од загинувањето на македонските бранители на Карпалак во 2001 година.
ЦМТ