По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал, полицијата го уапсила М.Т. поради кривично дело загрозување на безбедноста, објавија утрово српските медиуми.
М.Т., за кој на социјалните мрежи се тврди дека е Младен Тањга, на Твитер (Х) наводно објавил стихови во кои директно му се заканува на семејството на српскиот претседател Александар Вучиќ.