Убиен е еден човек во казино во Скопје во близина на Млечен ресторан. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека полициските екипи се на терен.
„Во 08.05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на бул. „М.Т.Гологанов“ едно лице пукало во Н.А. (46) од с. Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите“, се вели во кусото соопштение од МВР.
За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.