• Latest

Љубомир Фрчкоски, професор по меѓународно право

May 11, 2018

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ ја започна работата на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 2, 2025
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Љубомир Фрчкоски, професор по меѓународно право

May 11, 2018 09:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со Љубомир Фрчкоски, професор по Меѓународно јавно право при УКИМ, разговаравме за тоа што е најсилна гаранција за почитување на договорот за спорот за името, што би го постигнале Македонија и Грција, дали се потребни гарантори на договорот и дали е можна нова промена на Уставот во иднина, во услови на веќе спроведена промена на името.

При евентуален договор за името Грција инсистира на промена на Уставот, а Македонија е за меѓународен договор. Што е најцврста гаранција за почитување на договореното?

– Тука има две нивоа. Прашањето може да се однесува на стручната расправа околу тоа што е најголемата гаранција и на политичката – дали таа стручна расправа завршува работа или не, тоа е политичкиот спор. Од стручна смисла, меѓународниот договор е апсолутно доволна гаранција за секои права и обврски што страните во спорот ги преземаат и гаранциите, за кои пишуваат во договорот, оштетите, судската постапка итн. се доволни. Меѓутоа, тоа во овој случај не ја завршува работата, бидејќи Грција од различни причини, кои веројатно за нас не се разбирливи, инсистира и на промена на насловот на Уставот. Значи, не на уставни одредби, туку на насловот. Тогаш сте исправени пред ситуација да процените дали ќе продолжите со разговорите, дали ве интересираат, важни ви се или не.

Во овој случај мислам дека можното решение, бидејќи за нас е важно да најдеме решение да излеземе од ова, не смее да не повреди, но треба да биде решение кое не ги загрозува идентитетски прашања – јазик, идентитет, сувереност на државата, а истовремено го решава нашиот примарен проблем на интеграција во институции кои за нас се примарно важни, а тоа се НАТО и ЕУ. Во таа смисла мислам дека ќе одиме кон политичко решение од следниот тип. Во меѓународниот договор ќе се вгради временска клаузула, по мое мислење, која ќе ги задоволи на некој начин и двете страни. Уставот нема веднаш да се менува, но при влез во ЕУ, а тоа е некаде во проценка 2025 година, кога и така Уставот на секоја земја се отвора во делот на меѓународните договори, важење на меѓународни договори, тоа е кај нас член 118, во тој момент кога нашиот Устав ќе биде на маса во тој член веројатно ќе се внесе и новото меѓународно име како „наслов на Уставот“. Треба да биде јасно што се менува. Ништо друго не се менува, ни внатрешни, ни други прописи, закони, туку само насловот на Уставот. Тоа на некој начин е седум години од сега, и во таа смисла на наша страна – не се менува веднаш, а од друга страна таа промена ќе ја задоволи веројатно грчката страна. Мислам дека на таа линија ќе одат со решението и тоа е возможно во овој период и јас сум во таа смисла реален оптимист.

Што се однесува до меѓународниот договор, може ли да се има гаранција ако се има предвид почитувањето на Времената спогодба и пресудата на Судот во Хаг?

– Тоа е коректно во смисла дека меѓународното право не функционира како целосен гарант на правата, правдата и правата на државите, бидејќи  во меѓународните односи важи силата, моќта и позицијата на некоја држава. Тешко, меѓутоа донекаде може да се загрози меѓународното право. Гледаме некои земја ги кршат правилата на војување, нивните актери и припадници на воени сили прават воени злосторства, кршат меѓународни договори и без санкции. Грција го прекрши членот 11 од Времената спогодба и не и се случи ништо како казна. Го изгуби спорот во Хаг, повторно НАТО не беше волен тоа да го реализира во својата процедура и остана политичкиот договор на посредување да се заврши вака како што се завршува.

Што значи, гарантори на некој начин се потребни од една страна. Од друга страна не мислам дека освен името, ако се реши спорот што го има Грција со нашето име, другите одредби од договорот бараат или се проблематични, па се потребни гаранти. Другите одредби од договорот се непроблематични и мислам дека земјите ќе ги реализираат со голем интерес и ентузијазам, бидејќи се во нивна корист, само да се симне прашањето за името меѓу нив. Јас не мислам дека тука ќе има некаков спор, но веројатно земјите кои учествувале и генералниот секретарот на ОН под чие покровителство се одвиваат преговорите, ќе бидат гарантори на тој договор.

Што доколку некоја нова идна власт, со обезбедено двотретинско мнозинаство, повторно посака да го промени Уставот и прашањето на името го врати во претходната состојба? Дали тоа нема да наликува на „поигрување“ со Уставот ? 

– Невозможно е во следна смисла или е тешко изведливо во следна смисла. Меѓународниот договор ја обврзува државата. Блокадата на земјата е возможна долж целиот процес на преговарање со ЕУ. Грција лесно може да не блокира во секое поглавје доколку на овој начин се однесуваме. Што значи дека овој тип на однесување, ирационално, ќе направи таква штета на државата што не верувам дека која било власт ќе ја превземе. И јас се прашувам дали е возможно?, Возможно е се, возможно е да се самозапалиме, но не го правиме тоа. Тоа, сепак, тоа се врзува за некакви интереси на државата. Вие спроведувате интереси на државата. Немаме ние позиција тоа да го правиме за да можеме на тој начин, во тој правец да размислуваме. Теоретски е, но кога тоа првиот пат ќе се заврши практично е завршена работата.

Виолета Геров

(www.mia.mk)

Tags: ГрцијаимеинтервјуЉубомир ФрчковскиМакедонијаПреговориУстав
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ