• Latest

Учебникот по социологија за втора година со стереотипизирачка и дискриминаторска содржина

April 5, 2021
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Учебникот по социологија за втора година со стереотипизирачка и дискриминаторска содржина

April 5, 2021 14:42
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во учебникот по Социологија за втора година од средното образование има крајно дискриминаторска и ксенофобична  содржина со етнички предрасуди и  стереотипи   во однос на  наталитетот на помалите етнички заедници во земјава, односно за начинот на репродукција кај овие заедници.

Авторите Нелко Стојаноски, Зоран Матевски и  Милева Ѓуровска посочуваат дека кај Ромите, Албанците и Турците има зголемена стапка на наталитет, заради необразованост и репродукција на стар, традиционален начин, односно без контрола на раѓањето.

Во текстот понатаму авторите „советуваат“ за преземање мерки за да се доведе наталитетот во нормални рамки.

„Република Македонија е мултиетничко општество и поради тоа постои голема хетерогеност на демографските белези во зависност од етничките својства на населението. Кај некои етнички групи постои силна тенденција да се зачува традиционалната репродуктивна свест.  Со тоа и природниот пораст на населението ( наталитетот) се зголемува на  оние простори во Македонија што се населени претежно со овие етнички групи. Висока стапка на раѓање имаме кај Ромите, Албанците и Турците. Голем процент од ова население, а посебно оние што не се доволно образовани се репродуцираат на стар, традиционален начин, без свесна контрола за раѓањето.

Во врска со тоа треба да се преземат мерки и треба да се најде начин наталитетот да се доведе во нормални рамки. кај оние етнички групи (Македонците), каде што природниот пораст на населението е низок, треба да се стимулира бидејќи пропорцијата на наталитетот присутен кај различните етнички групи негативно се одразува на политички, економски и социјален план“, пишува во учебникот по социологија.

Овој учебник за прв пат со решение од Министер  за образование, е пуштен во употреба  на 30.09.2002 година, а втор пат на 20.07. 2020 година.

Истиот учебник е ревидиран во 2019 година, по реакциите од јавноста и експертите за дискриминаторски текст што се однесува на улогата на жената во нашето општество:

„Причините за различното учество на жените во криминалитетот се објаснуваат со општествената положба на жената. Ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа нема можност да прави кривични дела. Жената на тој начин е заштитена од многу комуникации, одговорности, ангажмани, натпревари, конфликти и е упатена да се грижи за семејството, а со тоа помалку е изложена на влијанието на објективните криминогени фактори. Во услови на поголема општествена активност можно е да дојде до поголема криминална активност особено кај некои видови кривични дела“ – извадок од текстот пред ревидирањето.

Овој текст во новото, ревидирано издание веќе не постои, според решение од Министерството за образование во 2019 година, но останува делот во кој се стереотипизираат етничките заедници во земјава, како што објави ТВ21.

ЦИВИЛ препорачува итна ревизија и на оваа верзија од учебникот и повлекување на сегашното издание.

Дијана Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ