На Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, ЦИВИЛ и Општина Чаир во заедничка соработка одржаа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“.
Како дел од изложбата на ликовни творби, на тема мултикултура, еднаквост и толеранција, учествуваа и учениците Фиторе Ибиши, Ајна Амети и Лина Брути од основното училиште „Исмаил Ќемали“, под менторство на професорката Елита Алити.
Нивните пораки упатуваат на знаењето и школувањето како заендичка и подобра иднина на младите.
На сите учесници им беа доделени награди од Општината и сертификати за учество од ЦИВИЛ.
Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Младите од Општина Чаир со моќни визуелни пораки за заедничка подобра иднина