На Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, ЦИВИЛ и Општина Чаир во заедничка соработка одржаа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“.
Како дел од изложбата на ликовни творби, на тема мултикултура, еднаквост и толеранција, учествуваа и учениците Бетина Адеми, Сафир Асани и Мирјета Амети од основното училиште „Лирија“, под менторство на професорката Зулејха Али
Нивните пораки упатуваат на љубов, среќа, зедништво, инспиративна и светла иднина за човештовото.
На сите учесници им беа доделени награди од Општината и сертификати за учество од ЦИВИЛ.
Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Младите од Општина Чаир со моќни визуелни пораки за заедничка подобра иднина