На Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, ЦИВИЛ и Општина Чаир во заедничка соработка одржаа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“.
Како дел од изложбата на ликовни творби, на тема мултикултура, еднаквост и толеранција, учествуваа и учениците Јешим Мустафа, Нехир Ибош и Ела Нас Али од основното училиште „Тефејјуз“, под менторство на професорката Лејла Хазир.
Нивните пораки упатуваат на мир преку уметност, музика, знаење, како да бидеме подобри луѓе и како да го направиме светот подобро место за живеење.
На сите учесници им беа доделени награди од Општината и сертификати за учество од ЦИВИЛ.
Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Младите од Општина Чаир со моќни визуелни пораки за заедничка подобра иднина