• Latest

Украина 366. ден: Полска ги испорача првите тенкови „Леопард 2″, нови санкции кон Русија

February 24, 2023

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина 366. ден: Полска ги испорача првите тенкови „Леопард 2″, нови санкции кон Русија

February 24, 2023 18:41
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина. Земјата е во 366. ден војна.

Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.

 

Американскиот претседател Џо Бајден на годишнината од почетокот на војната во Украина изјави дека рускиот претседател Владимир Путин пред една година мислел дека брзо ќе го освои Кијив, но потоа дозна за храброста на Украина и железната волја на нациите во светот.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите цели во Украина, една година откако московските трупи ја нападнаа земјата.

САД најавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од две милијарди долари, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Русија мора да одговара за воените злосторства во Украина велат од НАТО алијансата. Северноатлантската Алијанса денеска се оквалификува како „одлучна“ во својата поддршка на Украина и нагласија дека „пропаѓаат руските напори да ја наруши решителноста на храбриот народ на Украина“.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска изјави дека неговите сили прават планови да ги потиснат руските трупи од земјата, една година откако Русија ја започна својата целосна инвазија.

ЕУ и Брисел денеска со низа настани ја одбележана годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина, а во оваа прилика се очекуваат говори на претставници на ЕУ, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска е во Естонија на денот на прогласувањето на естонската декларација за независност.

Полска и ги испорача првите борбени тенкови „Леопард 2“ од германско производство на Украина, објавија денеска полските медиуми, на годишнината од руската инвазија.

САД денеска најавија нов пакет опсежни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, кои имаат за цел ослабување на нејзината економија и зајакнување на напорите за сузбивање на способноста на Москва да ги избегне постоечките ограничувања.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази скептицизам во врска со планот на Кина да стави крај на војната во Украина, тврдејќи дека Пекинг „нема многу кредибилитет“.

Велика Британија денеска, на годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, воведе нови санкции против Москва кои се однесуваат на 92 физички лица и субјекти, вклучително и забрана за извоз на сите производи што можат да се користат на бојно поле.

На првата годишнина од целосната инвазија на Русија на Украина, претседателот Володимир Зеленски им додели државни награди, им додели почесни титули на воениот персонал и цивилите и им ги предаде борбените знамиња на воените единици на вооружените сили и јуришните бригади на Офанзивната гарда.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска соопшти дека во руската инвазија на Украина загинале десетици илјади луѓе, а милиони се повредени.

Русија веќе изгуби околу 146.820 војници во Украина (+970 во изминатиот ден).

Во рамките на иницијативата за зачувување на културното наследство на Украина, при американското Биро за образование и култура, САД најавија седум милиони долари помош за поддршка на напорите на Украина да го заштити своето културно наследство. 

Подготви: А. Ристески

Текстот е личен став на Авторот. Преземено од ФРОНТЛАЈН.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Војна во УкраинаЕУНАТОСАДУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ