Украина преговара за евакуација на 60 лица од челичарницата Азовстал во Мариупол, изјави вицепремиерката – министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук во коментар за медиумот „Суспилне“, пренесува Укринформ.
Вицепремиерот го потврди бројот на луѓе за чија евакуација во моментов се преговара. Претходно Верешчук истакна дека разговорите се тешки.
„Има неколку стотици ранети, тие мора прво да се спасат бидејќи Русите не се согласуваат со (евакуација на) сите одеднаш. Значи, прво тешко ранетите и медицинските лица, навистина има 60“, рече Верешчук.
Како што е соопштено, борците на Азовскиот полк, маринци и моторизирана пешадија продолжуваат да го бранат Мариупол.
Руските агресори постојано ја гранатираат територијата на челичарницата Азовстал со секаков вид оружје, обидувајќи се да нападнат. Меѓу војската има 600 ранети. Има сериозен недостиг на лекови. Луѓето умираат во агонија.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека украинските власти работат на дипломатски опции за да ги спасат луѓето од Азовстал. Тој исто така рече дека Израел, Швајцарија, Турција и Финска се вклучени во процесот на преговори со Русија за евакуација на борците.
Подготви: Д.Мишев