Фридрих Мерц, кој освои мнозинство гласови на предвремените парламентарни избори во Германија, ја истакна поддршката за Украина на 3-годишнината од војната.
“Три години војна во Европа. Три години сме сведоци на ужасните слики од разурнувања и воени злосторства,” напиша Мерц во објава на платформата „X“.
Тој додаде дека Европа останува цврсто на страната на Украина.
“Сега, повеќе од кога било, мора да ја ставиме Украина во силна позиција. За праведен мир, нападнатата земја мора да биде дел од мировните преговори,” изјави тој.
A.M.