Додека цел свет се солидализира и нуди помош и сместување за бегалците од војната во Украина, дел од нашите граѓани („хуманитарци“), споделуваат сексистички коментари и статуси на социјалните мрежи.
Наместо жал и емпатија, дел од нашите граѓани решија да се „шегуваат“ на сметка на тоа дека илјадници жени и деца бегаат од Украина за да не бидат убиени или силувани од руските агресори.
Ќе објавиме само дел низата сексистички и нечовечки коементари:
Сигурно Украинките не би сакале да дојдат и да останат во едно стереотипно општество, каде што наместо покрив, сигурност, безбедност, поддршка…, им се нудат „мажи“.
Ваквите „десетки“ и коментари се за секаква осуда, бидејќи тие жени и девојки бегаат од своите домови за да се спасат од убивање, силување, малтретирање…
Какво општество сме доколку се смееме на туѓа несреќа…?
Дехран Муратов