По интензивните руски воздушни напади врз цивилни цели, во украинските градови Полтава, Харкив, Запорижја и Одеса со балистичките ракети „Искандер“, бомби и дронови, со своја објава на Х се јави украинската амбасадорка Лариса Дир.
„Ден 1075. Полтава, Харкив, Запорижја, Одеса по удари на рф со балистички ракети „Искандер“, авионски бомби и дронови. рф, која секојдневно намерно ги зголемува воените злосторства одземајќи човечки животи, може да се запре само со сила“, напиша амбасадорката Дир и ја заврши објавата со познатиот хаштаг со кој руската држава се опишува како терористичка.
Ден 1075.
Полтава, Харкив, Запорижја, Одеса по удари на рф со балистички ракети „Искандер“, авионски бомби и дронови. рф, која секојдневно намерно ги зголемува воените злосторства одземајќи човечки животи, може да се запре само со сила.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/a3hyIAMrYX— Larysa Dir (@dir_larysa) February 2, 2025