Ослободени се 215 војници од руско заробеништво, соопшти шефот на Кабинетот на Претседателот на Украина, Андриј Јермак. Од нив 108 се борци на полкот „Азов“.
Од руско заробеништво ослободен е командантот на полкот „Азов“, Денис Прокопенка и неговиот заменик Свјатослав Паламара, како и командантот на 36-та посебна бригада на поморските сили, Серхиј Волинкого, објави Врховна Рада на Украина на социјалните мрежи.
Според договорот, петмина украински команданти се во Турција под гаранции за заштита и безбедност, изјави шефот на ОПУ, Андриј Ермак.
Фото: Прес-служба на Министерството за внатрешни работи